Home » Во фокусот » Запознајте го Ристе Ристевски, основач на брендот пури со назив „Jas Sum Kral“ кои се продаваат во Европа, Азија и САД

Запознајте го Ристе Ристевски, основач на брендот пури со назив „Jas Sum Kral“ кои се продаваат во Европа, Азија и САД

Во светот постои македонец, кој има свој бренд на пури со баш македонско име “ЈАС СУМ КРАЛ“ (https://jassumkral.com/).  Тој се вика Ристе Ристевски и неговите пури се продаваат во преку 100 продавници низ САД, во Европа и во Азија. Не се продаваат во Македонија, барем засега. Се надеваме дека тоа брзо ќе се смени бидејќи знаеме дека има многу луѓе што сакаат да уживаат во нив.

Велат, кој еднаш пробал “да биде Крал“ – не сака веќе ништо друго! Маркетинг365 си направи краток муабет со Ристе кој Ви го пренесуваме во продолжение…

Ристе Ристевски

М365: Како се роди идејата за брендот пури „Jas Sum Kral“?

Веќе подолго време пушам пури. Еден ден, после работа, уживајќи на тераса со пура, музика и пијалок, ѝ кажав на мојата сопруга дека би отишол да си направам пура „по моја мера“. И навистина, се одлучив да одлетам до Никарагва, до една фабрика за пури во планинскиот град Естели и да направам пура по свој вкус.

Сакав да направам нешто во што би можел да уживам во кој било период од денот. Три години откако започна како хоби, прерасна во полно работно време, но не вистинска работа, бидејќи уживам во она што го правам. Моите пури се продаваат во седум земји од Европа, до Азија и во преку 100 продавници низ САД.

 

Често го добивам ова прашање од Македонците со кои се среќавам за време на моите патувања и секогаш им кажувам: „Не седете, станете и направете го тоа!“. Да се има сомнеж создава неуспех уште на самиот старт. Никогаш немаше да стигнам таму каде што сум ако едноставно не станев и го направев тоа.

М365: Што велат странците кога ќе им објасните што значи името на македонски?

Го обожаваат. Им се допаѓа значењето и начинт на кој сум го вклучил сопственото наследство и историја во производот.

 

М365:: Кои се главните маркетиншки канали кои ги користите за промоција на вашите пурите и како ние од Македонија ќе може да уживаме во нив?

 За мене тоа се Facebook (Линк), Instagram и најважно – од уста на уста.

Моментално, кога ќе ме контактираат луѓе од Македонија, ги насочувам кон државите каде што пурите се веќе присутни. Прекуокеанските продавници кои ги продаваат пурите имаат доставувано и доставуваат до купувачи во Македонија за мене. Поефтино е да се нарачува од европските продавници, наспорти од оние во САД поради цената на поштарина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365