“Зара“ е најновиот во серијата модни брендови кои ги налутија кинеските интернет корисници, кои го обвинија брендот на расизам и “деградирање” на Кина со своите реклами.
Имено, рекламата која ја објави “Зара“ на нејзиот профил на Weibo, го прикажува кинески модел Ли Џингвен и ја промовира новата линија на кармини на овој бренд. Рекламата ја прикажува Џингвен со пеги и минимална шминка, што ги налути кинеските фанови на брендот.
Критичарите ја опишаа рекламата како понижувачка за кинеските жени и тврдат дека брендот сака да ја оцрни кинеската убавина. Кинеските жени фаворизираат чиста, бледа кожа како идеал за убавина, а повеќето од рекламите во модната индустрија се потпираат на ваков изглед.
Портпаролката на “Зара“ изјави дека брендот нема намера да навреди некого, ниту дека сакале тој модел да изгледа грдо. Според неа, брендот едноставно сака да ги прикаже моделите во нивниот природен изглед.