Home » Во фокусот » Злато за кампањата #Несакана и иновативна употреба на медиумите на фестивалот SEMPL

Злато за кампањата #Несакана и иновативна употреба на медиумите на фестивалот SEMPL

Медиската агенција UM Подгорица освои Златна награда на 20 SEMPL фестивал на медиумски трендови одржан во Порторож. Меѓународното жири ја награди со златна награда кампањата #Несакана, кој е реализирана во соработка со агенцијата McCann Подгорица и со поддршка на агенцијата McCann Белград и тоа во категоријата иновативна употреба на канали за комуникација (Innovative Use of the Communication Channel).

“Во име на UM Подгорица би сакал да им се заблагодарам на колегите од McCann Подгорица и McCann Белград за одличната соработка и да му честитам на Центарот за правата на жените за реализација на #Несакана и на истрајноста во борбата за подобра позиција на жените во црногорското општество. Ова признание првенствено ја потврдува моќта на “full service” пристапот на кампањите и важноста на синергијата на креативните и медиските агенции. Иновативниот пристап во изборот на каналите за комуникација и “engaging content” се клучните фактори за успех во време кога просечното внимание на целната група се намалува, поради количината на достапни информации. Кампањата #Несакана претставува големо признание и за адвертајзинг индустријата во Црна Гора и се надевам дека во иднина ќе служи како blueprint за успешни “cause” кампањи”, вели Иван Челебиќ, директор на агенцијата UM Подгорица.

Сандра Вујовиќ, креативен директор на агенцијата McCann Подгорица, додаде: “Наградата не е само признание за иновативност, стручност и креативност, туку и потврда за одличната тимска работа и одличната соработка помеѓу агенциските тимови. Горда сум што заедно успеавме да креираме и да реализираме една ваква успешна и прилично емотивна кампања, која ја подигна свеста за еден важен и голем проблем и влијаеше на промените во црногорското општеството. #Несакана е доказ дека добрата идеја со благородна цел, лесно ги зближува луѓето и брзо го наоѓа својот пат до срцата на својата публика.“

Најголемата регионална конференција за медиумски трендови, SEMPL, е меѓународно призната образовна манифестација, која во фокусот ги става актуелните случувања во областа на медиумите, маркетингот и комуникациите во Јадранскиот регион и претставува и анализа примери на домашни и странски добри практики.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365