Home » Во фокусот » Зошто 84 мажи стојат на работ на еден облакодер во Лондон?

Зошто 84 мажи стојат на работ на еден облакодер во Лондон?

Агенцијата Adam&Eve /DDB и иницијативата CALM (Campaign Against Living Miserably) создадоа шокантна промотивна инсталација која укажува на проблемот со самоубиствата кај мажите

Агенција Adam&Eve /DDB и иницијативата CALM започнаат шокантен проект наречен Proeсt 84, во рамките на кој се поставени 84 реалистични кукли на работ на облакодерите на Лондонскиот телевизиски центар, со цел подигнување на свеста за самоубиствата кај мажите.

Страшните статистички податоци покажуваат дека на секои два часа еден маж си го одзема животот во Велика Британија, што значи околу 84 машки самоубиства неделно. Главниот проблем на кој кампањата сака да укаже е стигмата поврзана со менталното здравје на мажите, како и недостатокот на дејствување за елиминирање на стигмата, поради што мажите се срамат да побараат помош кога тие се чувствуваат суицидално.

Во рамките на проектот, скулпторот Марк Џенкинс создаде 84 скулптури врз основа на разговори со пријателите и семејствата на жртвите на самоубиство. Џенкинс разговарал со овие групи во серија работилници, а финалните скулптури се направени со негова својствена техника во која користи самолепливи ленти.

Скулптурите се поставени на рабовите на објектот ITV во Лондон во понеделникот (26-ти март) и го привлекуваат вниманието на шокираните минувачи.

Проектот 84 прв пат е претставен во утринската прорама на ITV, а е поддржан и со ПР кампања која ја води креативната комуникациска агенција W, со онлајн комуникација, постери и волонтери на терен, со цел подигнување на свеста за знаците кои треба да се препознаат кај луѓето кои би можеле да бидат изложени на ризик и што е најважно, како да им се даде поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365