Конечно, виртуелната реалност дава нова смисла на авто брендовите, со тоа што подобро ги прикажува карактеристиките на автомобилите кога возачот ќе седне зад волаанот. Но Ford се здоби со ново искуство за виртуелна реалност и е едно ниво понапред од конкурентите, бидејќи лансираше апликацијата за виртуелна реалност (VR app), која на корисниците им дозволува да се вклопат директно во приказната на брендот и да гледаат снимено видео директно од возилото на натпреварувачот.
Првата приказна е зад сцената – 24 Часа во Ле Ман, еднодневна спортска трка со автомобили во Франција каде Џои Хенд (Joey Hand) се натпреваруваше и победи оваа година со спонзорираниот Ford GT тркачки автомобил. Тој со нас го сподели возачкото искуство кое секако ја вклучуваше и работата на екипажот, и погледот низ Ферис тркалата за време на трката.
“Многу производители на автомобили само ја вградиле оваа камера во своите возила. Но, ние приказната за оваа алатка сакавме да ја презентираме на сосема поинаков начин за време на трката во Франција”, кажа Ерих Џоинер (Erich Joiner), пронаоѓач и сопственик на оваа алатка (камера) од северна Америка.
На ваков начин, ќе воведеме иновативност и нашите фанови ќе доживеат нови искуства и ќе го почуствуваат духот на брендот поразлично, вели Lisa Schoder , дигитален маркетинг менаџер за Ford.
Следната приказна за виртуелна реалност ќе се лансира во Септември, кога и ќе се објават повеќе информации за трките со сцени снимени од студиото во позадина, кое работи на најновата технологија за Форд. Корисниците ќе сакаат да добиваат известувања и новини за содржината која се емитува во живо (видеата), и ќе бидат во можност да ги споделат сите материјали со останатите пријатели преку социјалните медиуми.