Според истражувањето на компанијата Juniper Research, компаниите кои се огласуваат на интернет до 2020 година би требало да забележат загуба од 27 милијарди американски долари.
Таквите загуби би настанале како резултат на зголемениот број на корисници кои употребуваат некои од алатките за блокирање на реклами, но и заради се поголемата достапност на таквите алатки на мобилните уреди. Juniper Research посебно истакнува дека заради алатките за блокирање на рекламите е загрозено работењето на помалите компании кои исклучиво зависат од приходите од рекламите.
Како овај проблем би се решил на заедничко задоволство, се јавуваат одредени нови идеи како што се оние да корисниците на компаниите им платат одреден износ врз основ на времето кое го поминале на нивните страници. Спрема податоците на компанијата Pagefair, во текот на летото 2015 година, постоеле 198 милиони корисници на некои од алатките за блокирање на реклами.