Од почетокот на месец декември 2019, компанијата Веропулос Дооел Скопје назначи нов Генерален директор.
Ова позиција во иднина ќе ја извршува г-дин Петар Денковски кој доаѓа на местото на досегашниот генерален директор, Лукас Бисиас.
Денковски е дипломиран економист кој е дел од Веропулос уште од самиот почеток, односно од отворањето на првиот Веро маркет во населбата Аеродром во Скопје во мај 1997 година. Тој ја градеше својата професионална кариера поминувајќи ги речиси сите скалила во Веро, почнувајќи од секторот финансии, менаџер на маркет, регионален менаџер, менаџер за набавки, менаџер за комерцијала и маркетинг, а последните 10 години беше главен комерцијален директор на Веро во Република Србија.