Оваа среда (25 мај) со почеток од 20 часот во кафе-бар Винил, ќе се оддржи првиот Snapchat Meetup во Македонија.
Организатори на настанот се Митко Цабевски, Ева Пиперевска и Јован Димитров кои со присутните ќе споделат што е финтата!? со целиот тој buzz околу Snapchat, апликацијата која за брзо време стана хит за четување меѓу младите и која дневно има повеќе од 10 милијарди прегледи.
“Планираме интересен муабет како да го искористите Снепчет за забава, лична промоција, но и како компании, брендови и стартапи може да го искористат за маркетинг.“ – велат организаторите.