Home » Во фокусот » .. Јована Макеларска Поповски (Макпримат)

.. Јована Макеларска Поповски (Макпримат)

Да се запознаеме со..“ е секција  на М365 во која нашите читатели ги запознаваме со нашите читатели 

Секција првенствено посветена на луѓето кои работат во маркетинг и ПР секторите во македонските компании, во која преку неколку кратки, блиц прашања ќе промовираме професионалци кои знаме дека редовно си го читаат М365 и кои накратко ќе ни пренесат што актуелно се случува во нивната компанија и кои се предизвиците со кои нивниот сектор ќе се соочи во наредниот период.

Наш гостин е: Јована Макеларска Поповски

Jovana

Јована Макеларска Поповски

Име и презиме: Јована Макеларска Поповски
Компанија:  Макпримат
Работна позиција: Маркетинг Директор

М365: Кон што е насочено вниманието на Макпримат во моментов?

Вниманието на Макпримат е насочено кон создавање на поголема свесност за брендот и креирање на емоции кај купувачите за истиот, создавање на модерен имиџ, негувајќи ја традицијата и ставајќи го квалитетот секогаш на прво место.

Во моментов сме посветени на подготовка на новите пролетни колекции, кои набрзо ќе бидат достапни во продажба. Подготовките опфаќаат фото сесии со кои ќе ги претставиме новите колекции, како и правење на комуникациски план за следните месеци.

Во текот  на месец март ќе славиме 25 години успешно постоење на Макпримат, па по тој повод планираме на креативен начин да ги изненадиме нашите купувачи.

М365: Кои се главните цели на Вашата компанија во наредната 2015 година и како планирате да ја прилагодите комуникациската стратегија во реализирање на истите?

Како компанија која постои од 1990 година и бренд со одличен “word-of-mouth” и долгодишна и успешна традиција во модната индустрија на македонскиот пазар, бренд свесноста за Макпримат кај повозрасните потрошувачи е на високо ниво, тие ја познааваат традицијата на брендот и неговите квалитети. Наша примарна цел ни е да ги задржиме овие потрошувачи, но истовремено цел ни е да ја подигнеме бренд свесноста на помладите генерации, доближувајќи го Макпримат до нив, со креирање на модерни тренди колекции и креирајќи емотивен пристап кон истите, што има клучна улога во донесувањето на одлука за купување.

За исполнување на оваа цел, кон крајот на 2014 година, Макпримат се ребрендираше, односно го промени своето лого и креираше нов продажен простор во кој се случуваат  голем број на “in-store” активности и промоции. Со оваа промена, се јави потреба за двонасочна комуникација со нашите потрошувачи во B2C сегментот.

Па затоа, во почетокот на месец февруари оваа година пласиравме нова модерна веб страна, a исто така во комуникациската стратегија на Макпримат ја вклучивме и друштвената мрежа Facebook. Искуството со оваа платформа, која има огромно влијание врз животот на луѓето и каде се претставуваме како бренд со своја официјална страница е особено позитивно.

Facebook страницата ќе нуди секогаш брзи одговори и редовна двонасочна комуникација со сите наши фанови пласирајќи им информации за сите новитети, колекции, промоции и попусти.

Во блиска иднина планираме да најавиме и Макпримат Instagram профил со цел да ги запознаеме потрошувачите со кретивната страна на Макпримат и начинот на кој ги дизајнираме и создаваме колекциите, со што ќе создадеме емотивна врска помеѓу потрошувачите и нашиот бренд.

Со сите овие промени сме мотивирани дополнително да се стремиме кон поголема иновативност и креативност во нашата работа, бидејќи со новите комуникациски алатки сме подостапни за пошироката јавност.

 

Колегите можат да Ве контактираат на:

Facebook: https://www.facebook.com/makprimat

Linkedin: http://goo.gl/7hoSOK

Email: makprimat@makprimat.com.mk

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365