Home » Во фокусот » Донесен нов Правилник за спонзорство од страна на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесен нов Правилник за спонзорство од страна на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на својата 10-та седница одржана на ден  12.03.2015 година го усвои Предлогот на Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски, бр.01-1806/1 од 10.03.2015 година и едногласно донесе нов Правилник за спонзорство.

TV rating

Со влегувањето во сила на горенаведениот Правилник, престанува да важи Правилникот за начинот на идентификација на спонзорите во радио и во ТВ – програмите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 72/07).

Со овој Правилник се пропишува начинот на примена на одредбите за спонзорство од страна на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (радиодифузери и даватели на аудиовизуелни медиумски услуги по барање).

Со правилникот се пропишуваат неколку општи одредби во врска со Уредувачката независност и интегритет на програмите, Ограничувањето на спонзорството во одредени програми, Забраните за спонзорство, Спонзорството и рекламирањето и Спонзорство и пласирањето производи. Новиот правилник ги одредува и правилата за идентификација на спонзорството.

Правилникот можете да го преземете од ОВОЈ ЛИНК.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365