Еделман потпиша договор со Unite Communications од Истанбул за “ексклузивно афилациско партнерство” во Турција.
PRWeek во март извести дека Еделман сакал да се повлече целосно од сопственоста на агенцијата која ја имаат во Турција (Edelman Turkey), поради, како што тогаш изјави нивниот шеф за Европа: “неверојатно комплицираната” геополитичка ситуација во земјата.
Тогаш, од Еделман изјавија дека ќе го применуваат “партнер плус” моделот во Турција, така што канцеларијата ќе продолжи со сервисирање на истите клиенти со истиот тим, но со генерален менаџер Serra Turk Buyukfira кој ќе стане мнозински акционер, а Еделман ќе има малцински удел .
Сепак, во изјавата објавена во вторникот, Unite Communications од Истанбул велат дека потпишале “ексклузивен афилациски договор” со Еделман, што значи дека операцијата на Еделман во Турција повеќе нема да се одвива преку Edelman Turkey туку преку Unite Communications.
Unite Communications, изјавија : “Ние веруваме дека ова партнерство ќе го подобри нашиот начин на водење бизнис на меѓународно ниво, ќе ги збогати нашите меѓународни теренски врски и ќе се интегрира поефикасно во комуникациската индустрија која постојано се менува. Нашето партнерство , исто така, ќе ни овозможи на нас, како независна агенција , да продолжиме да ги обезбедуваме нашите услуги транспарентно и со голема грижа како што тоа секогаш го правевме во последните 18 години.”
Пред целосно негово излегување од сопственост во Турција, Еделман вработуваше 18 лица, а создаде годишен приход од околу $ 1,3 милиони (£ 930.000 ) со портфолио преку 20 клиенти.
Турската ПР индустрија се соочува со тешки времиња од неодамна , по обидот за државен удар во текот на летото и извештаите за остри мерки на слободата на печатот. Во јули три трговски тела во земјата издадоа заедничко соопштение каде жестоко го осудуваат обидот за државен удар и ветуваат дека ќе “се задржи разумниот јазик на комуникација “.