Нетфликс го наведе TikTok како негов главен конкурент во претходниот извештај за заработка, па не е изненадување што одлучи да започне со тестирање на функција која наликува на таков формат на кратки видео записи.
Некои претплатници на Нетфликс можеа да забележат нов дел за најмладите во апликацијата за iOS оваа недела, кој е специјално дизајниран да прикажува кратки записи преземени од библиотеката со детски содржини на Нетфликс.
Според Bloomberg, станува збор за функцијата Kids Clips, која со исклучок на фактот што видеата се дизајнирани исклучиво за хоризонтално гледање, неодоливо наликува на TikTok или Instagram Reels, каде содржината се гледа вертикално.
Но, Netflix одлучи да се разликува од TikTok, па наместо да им дозволи на корисниците (во овој случај децата) да губат часови на прелистување содржини, Kids Clips ги ограничува и им дозволува да гледаат само 10 до 20 видеа „во едно седење“.
Во секој случај, ова е функција која совршено се вклопува во планот на Нетфликс за промоција на кратки содржини, па така компанијата минатиот месец објави и Fast Laughs, на кој се прикажуваат снимки од различни комедии на платформата.
Kids Clips ќе пристигне оваа недела во САД, Канада, Австралија, Ирска и Латинска Америка.