Додека демонстрантите излегоа на улиците во градовите низ Америка, поттикнати од убиството на жител на Минеаполис, афроамериканецот Џорџ Флојд кој почина од задушување поради притисок од коленото на полициски службеник, брендовите покажаа ново ниво на подготвеност да го кренат својот глас против полициската бруталност.
Како еден од најголемите светски брендови, Мекдоналдс им се придружи на другите во подигањето на својот глас, со смел видео спот креиран од страна на агенцијата Wieden + Kennedy Њујорк, во кое директно ги именува и се потсетува на седумте афроамериканци убиени од полицијата или застрелани додека биле невооружени: Трејвон Мартин, Мајкл Браун, Алтон Стерлинг, Ботан Жан, Ататијана Џеферсон, Ахмауд Арбери и Џорџ Флојд.
Видеото започнува со набројување на нивните имиња, проследено со порака за солидарност со жртвите, нивните најблиски и луѓето кои протестираат во знак на сеќавање на нив.
„Тие беа едни од нас“, се вели во рекламата на Мекдоналдс. „Ги гледаме меѓу нашите потрошувачи. Ги гледаме меѓу нашите вработени. Ги гледаме во нашите франшизи. И затоа целата фамилија на Мекдоналдс жали. Затоа стоевме покрај нив и сите други жртви на системско угнетување и насилство. Денес, стоиме со заедницата на афроамериканците низ цела Америка. Ова е причината за нашата донација за Националната урбана лига и NAACP. Не толерираме нееднаквост, неправда или расизам “.
На крајот на видеото, бојата во позадина се менува од жолтата на Мекдоналдс во црна боја, со зборовите „Black lives matter.“
„Нашата интерна поддршка веќе не е доволна. Сега е време нашиот бренд да го крене својот глас и да каже што има“, изјавија Морган Флатли, директор за маркетинг на Мекдоналс во Америка и Вики Чанслор, претседател на Националниот одбор за рекламирање на Мекдоналдс.
„Потрошувачите гледаат како се однесуваат брендовите во овој момент, а нашата лична мултикултурна заедница ја заслужува не само нашата поддршка, туку потребно е и да преземеме акција. Треба да ја искористиме големината и силата на нашиот бренд за да направиме значителна промена “.
Мекдоналд е нов учесник во дискусијата за нееднаквоста против афроамериканците, но активизмот во рекламирањето не е ништо ново за нивната агенција Wieden + Kennedy. Канцелариите на оваа агенција во Портланд веќе долго време создаваат провокативни реклами на тема социјална правда за клиенти како „Најк“, вклучувајќи ја и кампањата од 2018 година на која се прикажува поранешниот играч на Сан Франциско, Колид Каеперник, како и нивното последно видео „Just don’t do it“, кое исто така беше лансирано како реакција на смртта на Флојд.
Неколку брендови ја дадоа својата поддршка за движењето „Black Lives Matter“ во последните неколку дена, додека потрошувачите, особено помладите, бараат поголем активизам од компаниите кога станува збор за полициската бруталност.