Јубилеј со поглед во иднината: потенцијалот на STEM, држава без клиенти и промени во рекламирањето
- Клучните теми на конференцискиот дел на фестивалот се кризната комуникација на Агрокор, влијанието на бизнисот и политиката на медиумите, развојот на дигиталното општество во новите економски модели
- Петокот е резервиран за Nipplepeople, Nik Orosija & Pill Jackson, а во сабота Neno Belan и Fiumensi ќе го изведат Ѓавол (Đavole)
Иднината која ја носи STEM, како да ја ослободите државата од клиенти, современа музика: од Рамонс до Рож, психологија и дизајн на искуство, уметност како иднина на рекламирање…и уште многу други занимливи теми ги очекуваат учесниците на јубилејниот Weekend Media Festivala. Десеттото издание на овој најголем регионален фестивал за комуникации ќе се одржи од 21. до 24. Септември во просториите на старата Фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Адрис групацијата.
„ Десет години поминаа неверојатно брзо, а ние сме горди што Викенд Медиа Фестивал стана место каде, заедно со актуелните теми и атмосфера на добра забава, се спојуваат луѓето од комуникациската индустрија од целиод регион. Десеттото издание на овој фестивал е подигнато на ново повисоко ниво, така што и оваа година ќе има занимливи предавања и дискусии“, изјави директорот на фестивалот Томо Рицов (Tomo Ricov).
Во име на Адрис групацијата, менаџерот на корпоративни комуникации Предраг Грубич (Predrag Grubić) истакна колку е важна врската помеѓу Ровињ и Викенд Медиа Фестивал: „Која е тајната на успехот на фестивалот? Иако одговорот не е недвосмислен, може да се потврди дека концептот со изборот на местото и времето бил одлучувачки. Ровињ и старата фабрика за тутун се стимулативно место и предизвик за сите креативци од различни области, но верувам дека инсистирањето на концептот на креативно задоволство е она што ги привлече илјадници млади и креативни луѓе предхониот викенд во Ровињ. Заедно со добро осмислени содржини – едукативни и забавни, стотици предавања, дискусии – отсуството на „жири и награди“ а особено отсуството на политичари, значително придонесоа за успехот и долготрајноста на овој уникатен проект“
Во програмата на 10. Викенд Медиа Фестивал, СТЕМ укажува дека иднината веќе започна, каде претприемачот Ненад Бакиќ (Nenad Bakić), социологот Борис Јокиќ (Boris Jokić), иноваторот Мате Римац (Mate Rimac) и членот на Управниот одбор на Хрватскиот Телеком Борис Дрило (Boris Drilo), ја претставија важноста на популаризацијата на образованието и развојот на младите на СТЕМ дигитално општество. Говорниците од своја перспектива ќе обезбедат релевантни знаења и искуства кои може да и помогнат на Хрватска да се трансформира во дигитално успешна СТЕМ економија.
“Со секогаш интересната тема на Агрокор со која ќе се занимаваме на еден од панел дискусиите ќе биде детално анализирана како се соопштува криза на најголемата регионална компанија. Панел дискусијата „Хрватска“ оди напред ќе расправа со тезата дека постојат две Хрватски – клиенти кои сакаат да го задржат постоечкиот економски модел и другите отворени за соработка што сакаат понапредна економија. Бројни професионални предавачи, кои ни оваа година нема да несдостасуваат, ќе ги споделат своите знаења и ставови и ќе започнат дискусии за кои ќе се збори долго време “, рече директорот на програмата Никола Врдољак (Nikola Vrdoljak).
За најголемиот скандал во светот на фудбалот ќе говори човекот кој е најодговорен за неговото откривање – Џонатан Калверт (Jonathan Calvert), новинарот на британскиот The Sunday Times, а за трансформирањето на Google од веб-прелистувач во компанија која се занимава со развојот на вештачката интелигенција, ќе ни го претстави Доминик Остерхолт (Dominik Osterholt) од Google Digital Academy.
За секогаш актуелната тема на слободата на медиумите ќе се дискутира на House of cards, каде што учесниците ќе разговараат за влијанието на политиката, и какви медиумски бизниси ги прават и ги користат рекламните буџетски бизниси за да влијаат на медиумите.
Еден од панел дискусиите е посветен на феноменот на креативната умешност и примена на овој концепт на Викенд Медиа Фестивалот, додека Život u doba duopola ќе се справи со зголеменото влијание на Google и Facebook на глобалниот пазар на реклами. Во една од најзабавните панел дискусии чие име е парафраза од познат “Sve što ste oduvijek željeli znati o seksu, a niste se usudili pitati”, провокативните учесници гарантираат атрактивна дискусија за брендот “соседи – соседи”.
Учесниците исто така ќе можат да стекнат нови знаења од областа на инфографиката и визуелното раскажување приказни, Instagram, Mindfulne и да дознаат како да поврзуваат телевизиски реклами со дигитални реклами на Google и Facebook.
Се уште трае пријавувањето за BalCannes и SoMo Borac
Сите учесници од маркетингот на Фестивалот го очекуваат шестиот BalCannes каде што оваа година најдобрите 25 проекти во регионот се избрани од страна на најголемото жири досега, составено од дури 25 клиенти, агенции и новинари. Петта година по ред, SoMo Borac ќе ги претстави најдобрите дигитални дела во неколку категории, а апликациите траат уште неколку дена – до петок, на 8-ми септември.
Во петок Nipplepeople, Nik Orosi и Pill Jackson, а во сабота Neno Belan и Fiumensi ќе го изведат (Ѓавол) Đavole
По сериозните теми и жестоки дискусии, време е за добра забава со која Фестивалот ќе ја прослави десетгодишнината. Сето тоа започнува во четврток вечер, 21 септември и голема забава за која изведувачите се уште се изненадување. Петок, 22 септември започнува со изведбата на Sajsi MC од Lampshade Media, по што Jagermeister ќе го претстави “Јас ќе се разбудам утре”: Nipplepeople, Nik Orosi & Pill Jackson. За големото затварање на јубилејниот во саботата, 23 септември, посетителите ги очека специјална музичка забава: Нено Белан и Фименес го изведуваат Ѓаволот (Đavole).
Апликациите за 10-ти Викенд Медиа фестивал сеуште се отворени, а со оглед дека е голем јубилеј оваа година, се очекуваат повеќе од 4.500 учесници во Ровињ. Повеќе информации на wekendmediafestival.com.