Приватната инвестициска куќа Sycamore Brands ќе биде новиот мнозински сопственик на компанијата Victoria’s Secret, пренесува агенцијата Асошиејтед Прес
Sycamore Brands ќе купи 55% од капиталот на Викторија Сикрет за околу 525 милиони долари, соопшти компанијата L Brands, во чија мнозинска сопственост досега беше овај американски производител на женскa долна облека и козметика.
Компанијата L Brands ќе ги задржи преостанатите 45 проценти од сопственичкиот удел.
Договорената продажна цена укажува на значителен пад на вредноста на брендот Викторија Сикрет, чии стотици продавници остварија приход од околу 7 милијарди долари минатата година.
За време на сезоната на празници кон крајот на минатата година, Викторија Сикрет забележа пад на продажбата од 12 проценти, а компанијата денес објави дека продажбата е намалена за 10% во четвртиот квартал.
Падот на продажбата се должи на зголемената конкуренција и промената на вкусовите на клиентите.
Акциите на L Brands, матичната компанија на Викторија Сикрет, вчера паднаа на електронската трговија пред официјалното отворање на берзата за 14,6 проценти.