Стриминг платформата „Дизни+“ потврди дека ова лето ќе ги прошири услугите ширум Европа, Африка и Западна Азија, односно во 42 земји, меѓу кои и Македонија, како и на 11 територии.
Освен во Македонија, „Дизни+“ ќе биде достапна и во земјите од регионот како Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово и Србија.
Медиумите наведуваат дека не се откриени датумите кога платформата ќе биде достапна во секоја поединечна земја, а не е објавено и колку ќе чини претплатата за платформата.
Платформата која дебитираше во САД, Канада и Холандија во 2019 година се посвети на глобална експанзија за да се компензира забавувањето на бројот на претплатници во Северна Америка.
Платформата достигна 118 милиони претплатници во четвртиот квартал од минатата година.