Откако промовираше слаби модели, познатиот бренд се сврте кон „покорпулентни“ модели
Бет Дито, пејач-текстописец, сними реклама за новата колекција на долна облека Келвин Клајн и со тоа учествуваше во кампања заедно со Наоми Кемпел и Бела Хадид. И покрај фактот што нејзината фигура е далеку од типичните модели и е окарактеризирана како плус-сајз модел, на социјалните мрежи нејзиниот изглед во рекламата е прифатен поволно.
Идејата за новата “#MYCALVINS” кампања е да ги покаже моделите и ѕвездите на кампњата (Бела Хадид, Дипло, Одел Бекам Џуниор, Џејкоб Елорди, Бет Дито, Леј Жанг, Џели Лин, Хејли Фостер, Еби Чемпион, Кара Тејлор и Метју Ношка) без филтер.
Самото видео од кампањата ги покажува моделите во нешто поопуштени изданија, како се забавуваат додека танцуваат, јадат, гледаат телевизија и уживаат во домот во омилениот пар долна облека.
Пораката е дека треба да прифатиме дека сексуалноста може да изгледа различно и дека секоја личност треба да се чувствува пријатно во своето тело. Очигледно, брендот одлучи да го повтори успехот на претходната кампања #MICALVINS, во која се појавија многу познати личности, но не и плус сајз модели. Некои од нив беа Кендал Џенер, Бела Хадид, Шон Мендес, Били Елиш и други.
Брендот Келвин Клајн беше еден од првите кои започна да користи плус сајз модели во нивните рекламни кампањи, но не секогаш успеваа во тоа. Во 2014 година, нивниот обид да експериментираат се претвори во непријатен скандал. Меѓу сите учесници во рекламниот тим, една од девојките, која не се разликуваше послебно од другите, во списанијата беше означена како плус сајз модел.
Претставниците на брендот, во интервју за Њујорк Тајмс објаснија дека само сакале да ги задоволат потребите на различни жени.
“Овие фотографии имаат за цел да покажат дека нашата нова линија е поразновидна и достапна во повеќе стилови и во широк спектар на големини“, изјави Келвин Клајн.
Бет Дито се надева дека кампањата на Келвин Клајн ќе биде почеток на промени во модната индустрија, каде што во иднина, ќе има повеќе можности за модели од сите облици и големини.
Фактот што во текот на последните неколку години Келвин Клајн бараше плус сајз модели за модни едиторијали, се чини дека е излез од зоната на комфор за брендот, кој се здоби со популарност во раните 90-ти благодарение на постерите на Кејт Мос. Тогаш, американската модна куќа го популаризираше имиџот на витката британска манекенка, но сега брендот отиде во друга крајност.