Во рамките на едукативната програма AcademIAA, Данка Трбојевиќ, Account Director full-service на агенцијата Drive, одржа предавање за content marketing. Ви ги пренесуваме најважните теми кои посетителите ги воведоа во светот на онлајн содржината
Дигиталните канали на комуникација се заситени од хиперпродукцијата на агресивни огласни пораки кои последните години предизвикаа промени во однесувањето на корисниците на интернет. Најпрвин, под тоа мислиме на се` пораспространетата појава на AdBlocking, која ги примора огласувачите да пристапат кон креирање на интересни содржини кои не се нужно брендирани. Content marketing не е новост, но заради овие промени почна рапидно да се развива во се` поиновативни формати, а овозможува промоција на брендот на ненаметлив начин, без замарање на корисниците.
Content маркетингот има јасна цел да ја зголеми видливоста на брендот, а неговата конечна цел е секако зголемување на продажбата
Content marketing е стратешки маркетиншки пристап фокусиран на креирање и дистрибуција на корисна и релевантна содржина која може да биде во форма на статија, блог, видео, студија на случај, електронска книга, инфографик, презентација, newsletter, активација на социјални мрежи, извештаи итн. При тоа, изборот на каналот со кој комуницираме зависи од содржината која ја промовираме и целната група на која и` се обраќаме.
Во последните неколку години сведоци сме на пораст на бројот на корисници на интернет кај нас, каде повеќе од 76% од нив поседуваат смартфон уред. Со порастот на употребата на смартфон уреди, пристапот до интернет и информациите стана уште полесен. Во Србија повеќе од 60% од пребарувањата кои резултираат со купување се токму на интернет. Онлајн корисниците се фокусирани на content, во онлајн светот не се бара пресликан офлајн свет, туку нови егзекуции, нови сознанија и повеќе интеракција. Доколку успееме да ги заинтересираме со забавна содржина, потрошувачите нема да жалат да издвојат и поголем дел од своето време од вообичаено.
Content marketing опфаќа различни содржини и ги класифицира во четири категории: забавни, инспиративни, едукативни и “call to action” содржини т.н. содржина која ги повикува корисниците на одредена акција. Во идеален случај, што неретко бара спремност на брендовите да се прилагодат на промените, content marketing првенствено „продава“ идеја, приказна, која корелира со вредностите на брендот, а не самиот производ.
Денес е неопходно да се креира содржина која ќе биде прилагодена на секој од дигиталните канали. На корисниците треба да им кажеме нешто ново, нешто поинакво, да одиме чекор понатаму.
Во време кога е значајно да се препознаат одредени моменти за да се освои вниманието на потрошувачите, видеото се издвојува како најдобро средство. Видео содржината ги освојува потрошувачите и тоа најмногу на нивните мобилни телефони. Корисниците гледаат онлајн видео затоа што сакаат да се забавуваат, сакаат да видат и да научат нешто ново.
Понатаму, пораката мора да биде прилагодена на медиумот и затоа треба да биде свежа и по содржина. Само така, во изобилството на содржини, можеме да привлечеме и да го задржеме вниманието на корисниците. Во таа смисла, препораката е креирање на содржина која одговара на карактеристиките на поединечни медиумски канали, а не адаптација на едно решение за сите канали на комуникација.
Поконкретно, најдобра содржина за јакнење на препознатливоста на еден бренд и интересите на посакуваната публика за истиот, се блог постовите, landing страниците, видео содржината и гејмификација на содржината (креирање нетипично и динамично опкружување карактеристично за игра). Content marketing-от треба да биде дел од онлајн стратегијата на брендот, во склоп на интегрираните комуникации, а првенствено е заснован на постоење на сопствен веб сајт.
Добрата содржина секогаш носи некоја приказна, таа ја привлекува и анимира вашата публика, а со квалитетот и релавантноста им овозможува на брендовите во очите на потенцијалните и постоечките корисници да се позиционираат како експерти, лидери во својата област. Со приказна, идеја мораме да ги фасцинираме корисниците и притоа нудејќи услуги, квалитет или новости – да направиме чекор напред.