Во пресрет на фестивалот КАКТУС 2016, завчера во Cineplexx во Ушче Шопинг Центарот беше одржана дебата под наслов „Keepin’ it 360°!“.
Целта на оваа дебата беше загревање пред фестивалот КАКТУС 2016 низ разговор за важноста и значењето на комуникацијата во иднина во Србија. За време на дебатата се отворија некои важни прашања од оваа област.
Интегрирана комуникација , да или не? Дали брендовите мора да се застапени на сите социјални мрежи и да ги користат сите канали за комуникација. Дали една агенција навистина може да му понуди на клиентот комплетно интегрирана кампања или специјализираните агенции се по ефикасни? Кои се искуствата на компаниите со интегрирани кампањи? Дали е доволно за сите канали на комуникација да се изработува ист дизајн или треба засебно за секој различно со адекватен дизајн?
„Креативната индустрија во Србија се движи со навистина споро темпо за разлика на глобално ниво, поскоро ги прифаќа трендовите и иновациите. Меѓутоа, Би рекле дека концептот 360° е надминат и денес единствено има смисла да зборуваме за комуникација од 365 дена. Ниту еден бренд денес не смее да си го дозволи тој луксуз да не комуницира со своите потрошувачи секојдневно и да не биде актуелен“ – рече Иван Живкович во текот на дебатата, Managing&Creative Director на агенцијата Pioniri Communications.
Ања Радулович, креативен директор на агенцијата Leo Burnett, кажа дека една квалитетна идеја и еден добар канал се доволни да го издигнат брендот на повисоко ниво. „Навистина мислам дека пазарот мора да се задрма со квалитетни и различни идеи, да доживееме еден голем бум, да станеме едни со други сериозна и голема конкуренција и секој ден да се предизвикуваме едни со други. Само на тој начин нашата индустрија ќе се движи напред“, додаде Ања Радулович.
Наташа Павлович, директорка за маркетинг комуникации на компанијата Mercator S, истакна во текот на дебатата дека денес не е доволно една иста порака да се пласира низ сите канали и на сите пазари на кои постоите. „Многу е важно да знаеме на кого, кога, каде и на кој начин се обраќаме. Тоа вистина е потежок пат, но знаеме дека само така прецизно ќе ги таргетираме потрошувачите и ќе им го понудите она што вистински го посакуваат во реално време“.
Учесниците од дебатата се сложија дека неопходно е во Србија да се редефинира поимот интегрирана комуникација, повеќе да се разговара на оваа тема, но и да се мотивираат агенциите и компаниите да направат храбри чекори и да покажат иновативност во својата комуникација.
Учесници во дебатат беа Иван Живкович, Managing&Creative директор на Pioniri Communications; Вељко Голубович, регионален креативен директор на FCB Afirma (Adriatic region); Ања Радулович, креативен директор на Leo Burnett; Марија Матич, Media Planning директор на Direct Media; Сања Бушич, West Balkan Marketing Activation Manager на PepsiCo (Marbo Product); Наташа Павлович, директор за маркетинг комуникации на Mercator S и Наташа Јованович – маркетинг директор на Delta Food.
Модератор на дебатата беше Марина Грихович, сопственичка на ПР агенцијата Headline и косопственик на дигиталната агенција D-kit.
Втор по ред Фестивал за интегрирани комуникации КАКТУС 2016 ќе биде одржан на 27 и 28 октомври во хотелот Crowne Plaza во Белград. Повеќе информации за фестивалот пронајдете на сајтот www.kaktus.rs.
Се заблагодаруваме на компанијата Ушче Шопинг Центар која ја поддржа организацијата на овие дебати.