Овај бренд уште еднаш го искористи својот специфичен хумор за да создаде симпатични “направи сам“ инструкции за правење на совршен костим за Денот на вештерките
Икеа повторно докажува дека има совршен пост за социјалните мрежи за секоја прилика, овој пат инспириран од Ноќта на вештерките.
За празникот Ноќта на вештерките, брендот сподели псолутно симпатични “направи сам“ инструкции за правење едноставни костуми базирани на мошне популарната ТВ серија The Handmaids Tale.
Што ви е потребно? Само три производи од најблиската продавница на Икеа: црвена Merete завеса за маскирана наметка, ламба Ekas за капа и секако ножици за да ја пресечете наметката во саканата форма. За само неколку минути може да почнете да ги поздравувате луѓето со “Prisad Cheats!”
Hva med et «hand made» kostyme i år?
Gepostet von IKEA am Mittwoch, 31. Oktober 2018
Овие упатства во препознатливиот стил на Икеа беа креирани од агенцијата SMFB во Осло. Ова не е првпат Икеа да дава идеи за костуми, така што минатата година, откако слушнаа дека нивните производи се користат во серијата Game of Thrones, тие го направија овој одличен пост:
‘Night gathers, and now my watch begins…’ The loyal SKOLD rug – as worn by the IKEA Night’s Watch http://po.st/D9zOnC
Gepostet von IKEA am Montag, 7. August 2017