Новата кампања на Under Armour насловена како “The Only Way Is Through” нуди “бекстејџ” откривање на омилените атлети преку неколку канали вклучувајќи подкасти, лични писма и навистина одличен ТВ спот.
Водечкиот ТВ спот го прикажува ангажманот и напорот низ кој поминуваат некои од најпознатите атлети во светот.
Пораката со спотот е јасна – не постои замена за напорната работа!
Покрај видео рекламите, кампањата вклучува и напишани писма директно од атлетите (првото е од Мајкал Фелпс) и лансирање на нов поткаст наречен The Only Way is Through, кој на фановите ќе им даде длабок инсајт за животот на атлетите.
“Ние знаеме дека нема шорткати и магични решенија”, вели Брајан Боринг oд Under Armour и тоа е “суштината на оваа кампања, за која сме многу возбудени што конечно ја лансираме”