“Репутациски менаџмент” некогаш означуваше само PR термин.
За ваквиот тип на менаџмент учевме на факултет и го користевме на нашите веб сајтови како област за пракса.
Во последните неколку години, репутацискиот менаџмент превземен е од страна на оптимизацијата на пребарувачите. Денес, кога се споменува стратегија многумина стратегијата ја изедначуваат со менаџментот на имиџот на една компанија вклучувајќи го управувањето на резултатите од пребарувањето на Интернет притоа произнесувајќи ги позитивните резултати на почеток и потиснувајќи ги негативните вести, содржи и линкови подолу на листата при пребарување.
Wikipedia го дефинира репутацискиот менаџмент како:
‘‘Репутацискиот менаџмент се однесува на влијаење и контролирање на индивидуалната и репутацијата на бизинисите.Станува збор за термин за односи со јавноста, но со експанзијата на Интернетот и социјалните медиуми, како и компаниите за репутациски менаџмент, репутацискиот менаџмент станува примарен на резултатите при пребарување”.
Како сте перципирани онлајн во денешно време секако е критична основа за имиџот и сликата за вашата компанија. PR професионалците најдобро одговараат за менаџмент на овој апскет без разлика дали се дел од менаџментот кој доаѓа од внатре или надвор од компанијата.
Но, онлајн репутацијата не се однесува само на резултатите при пребарување.
Доколку мислите дека репутацијата онлајн се однесува само на пребаруваните резултати, тогаш веруваме дека најчесто се обраќате на тимовите задолжени за онлајн маркетинг и оптимизација на резултатите при пребарување.Иако овој тим игра важна улога, не треба да биде единствениот задолжен за репутацијата на бизнисот.
Кој е одговорен за онлајн препораки за вашата организација или клиент?
Доколку за овој дел задолжени се професионалци за маркетинг сепак можете да бидете ранливи во оваа точка. Денес стотици па и милиони луѓе ги читаат онлајн препораките на бројни платформи и сајтови, па затоа обрнете внимание и на услугите поврзани со грижата за корисници.
Доколку вашиот потрошувач, било да е задоволен или незадоволен од вашиот производ/услуга, коментира за вашиот бизнис на сајт за препораки, тимот задолжен за репутацијата потребно е да ја мониторира секоја активност на клиентите со цел навремено да се превземе акција доколку е потребно.Тоа значи дека не само техничкиот тим, туку и делот од тимот кој е во директна корелација со клиентите потребно е квалитетно да ја заврши својата работа.
Репутацискиот менаџмент вклучува маркетинг на пребарувачите, PR и поддршка за корисници —но во денешно време и неколку други аспекти за кои е потребно да се погрижите.
Дали сте чуле за Glassdoor? Доколку овој сајт не ви е познат, станува збор за сајт на кој вработените ги оценуваат своите работодавачи. Да постојат и вакви сервиси, во ваков случај доколку вашата компанија е поголема компанија потребно е да се води грижа за репутацијата и во рамките на тимот за човечки ресурси. Репутацијата е обврска која не завршува тука.
Како менаџирањето на репутацијата влијае на зближување на секторите
Што со областите од Интернетот каде информациите се објавуваат во ”најмрачните ќошиња” недостапни за преглед на пребарувачите на Интернет?
Доколку сте фирма од полето на здравството, и илјадници медицински податоци се експонирани во овие темни ќошиња на Интернет просторот, или пак доколку сте фирма од областа на финансиите и бројни податоци за броеви од кредитни картички и лични информации на корисниците се изложени на Интернет без ваше знаење и истите во иднина на било каков начин биможеле да бидат злоупотребени- тогаш имате проблем со репутацијата.
Во овој дел се појавува проблем кој е распостратен пошироко од доменот на IT секторот на вашата компанија.
Безбедноста на интернет просторот и репутацискиот менаџмент се спојуваат со цел да обезбедат максимална заштита.
Многу полиња допираат до репутацијата : грижата за корисници, човечките ресурси, информатичкиот сектор, PR…
Во секој од овие сектори потои лидер задолжен за својата функција, меѓутоа PR професионалците во секое време се најмногу подготвени да ги премостат сите сектори.
Репутацискиот менаџмент започнува со прифаќање на технолошките предизвици и гледање подалеку од основните и традиционалните улоги на PR тимот. За да бидете успешни во креирањето на добрата репутација потребно е да гледате подалеку од медиските релации, социјалните медиуми и спонзорираните содржини и да ја гледате во целост сликата за репутацискиот менаџмент.
Кога ја гледате целосната слика –тогаш ќе ја имате можноста да седнете на масата со големите играчи.