Електричната сила може да ја движи светската машинерија, порачува компанијата Тесла Моторс во новата реклама снимена по “оригиналното сценарио“ на големиот научник Никола Тесла.
“Тоа не е сон, туку едноставен подвиг на елетричниот инжинеринг. Електричната сила може да ја движи светсната машинерија без употреба на нафта или гас“. Вака почнува видео рекламата на Тесла Моторс во која се прикажува контрастот на времето на Тесла и денешницата, а целиот оглас е следен со симулација на говорот на Никола Тесла кој е направен со помош на Jonathan David Dixon.
Рекламата ги прикажува предвидувањата на Никола Тесла за напуштањето на нафтата и јагленот и нивната замена со чистите алтернативни енергии. Тесла Моторс тежнее своите цели и да ги усогласи во потполност со визијата на револуционерниот научник, на кого и го должат своето постоење.