Како што мобилната технологија од ден за ден напредува, а мобилните апликации нудат различни опции за унапредување на работењето, брендовите настојуваат да ги следат трендовите и комуницираат со своите потрошувачи на тој начин, нудејќи релевантни информации, знаења и искуства. Доколку имаме во предвид дека привлекувањето на нови потрошувачи на определени производи или услуги секако претставува трошок, неретко и повеќекратно поголем од трошоците за задржување на постоечките корисници, мобилните апликации претставуваат еден од каналите за комуникација чијашто изработка не бара нужно голема сума на пари.
Пример за добри мобилна апликација, која може бесплатно да се превземе од Google Play и App Store, а која што за само четири месеци оствари повеќе од 76.000 превземања (дури 8 пати повеќе од очекуваното) и се рангира во топ 3 апликации на Google Play, е Simply Tastly app, прегледен и многу опширен гастрономски водич, кој произлезе од работилницата на компанијата Coca-Cola. Апликацијата веќе во тој период секој корисник ја користел повеќе од 7 пати, што го објаснува високиот рејтинг кој го постигнала – 4,6 од 5.
Оваа кулинарска апликација претставува ризница од преку илјада рецепти од домашните блогери, што е голема предност во однос на рецептите кои доаѓаат од странство во коишто обично се наоѓа барем една состојка која на нашите пазари не е достапна. Покрај секој рецепт се наоѓа и список со намирници кои се неопходни за подготовка и кои многу лесно можат да се споделат со членовите на семејството по телефон (по пат на SMS, апликациите Facebook, Twitter, Viber, WhatsApp,итн.). “Вишната на врвот на оваа торта” е списокот на продавници во непосредна близина, како и моменталните акции и промотивни цени во нив.
Дека не е доволно само да се дизајнира мобилна апликација, што секако не е ни малку лесна работа, ниту работа која може брзо да се релизира, зборува и фактот дека самото поставувањето на апликацијата на App Store или Google Play не донесува резултати само по себе – потребно е да се „донесе“ пред крајниот корисник. Инсталацијата на апликацијата се постигнува на два начини: корисниците сами ја пронаоѓаат апликацијата со наменско пребарување или ја инсталираат после преглед на рекламите, односно огласите. Во тој „маѓепсан круг“, потребни ни се и едните и другите корисници, бидејќи оние кои доаѓаат до апликацијата по пат на оглас, значајно можат да влијаат на нејзиното рангирање и со тоа да го зголемат бројот на корисници кои самостојно доаѓаат до истата. Кампањите со кои се постигнуваат токму такви резултати мораат да бидат „живи“, флексибилни и ефикасни во реалното време, затоа што дигиталните канали поставуваат такви барања пред огласувачите и медиските агенции.
Потврда за успехот на кампањата со Simply Tastly app стигна и од првата IAB MIXX Conference and Awards Serbia 2016, на која во категоријата Best Mobile, златна награда им припадна на компанијата Coca-Cola и медиската агенција UM Белград. “Со кампањата Coca-Cola Simply Tastly отидовме во финале на фестивалот Balcannes, а одма потоа на првата IAB MIXX конференција во Србија освоивме прво место во категоријата. „Оваа кампања претставува пример за интегрирано користење на медиумите на иновативен начин и е показател како за квалитетната соработка со долгогодишниот партнер, така и за меѓусебното разбирање, но и познавање на потрошувачите, пазарот, брендовите и комуникациските канали“, изјави Дубравка Урошевиќ, Regional Account Director на агенцијата UM Белград, и додаде: “Кампањата за Simply Tastly app, препозната како најуспешна од страна на стручната јавност, го потврдува квалитетот на услугите кои ги нуди агенцијата, а исто така е и резултат на нашата тимска работа, со нашите клиенти, како и со останатите агенции ангажирани од страна на компанијата Coca-Cola со кои соработуваме на разни проекти“. Со цел промоција на апликацијата Simply Tastly, помеѓу останатото, реализиран е и програматик закуп на огласи на мобилните уреди, што во оваа прилика, за прв пат е направено во Србија. „Задоволство е да се соработува со клиент кој во нас има целосна доверба, не` мотивира и поддржува во намерата да реализираме различни иновативни и нестандардни идеи во доменот на планирање на комуникациите и медиумите”, завршува Дубравка.
Иако денес во огласувачката индустрија во голема мера се зборува за “content marketing” и за релевантните моменти во кои е важно да се пласира пораката на брендот на потенцијалните потрошувачи, вистина е дека овие ставки одсекогаш биле на врвот на листата доколку сакаме да креираме успешна маркетинг кампања. Во таа смисла, “нема ништо ново во тоа при планирање на медиска кампања за клиентот секогаш да имаме на ум кои комуникациски канали ќе ја пренесат релевантната и за целната група важна порака, прецизно и конзистентно“ изјави Јована Петровиќ, Regional Account Manager на агенцијата UM Белград. “Ваков начин на работа применувавме и во годините кога интернетот не претставуваше дел од буџетот во мера во која е денес. Меѓутоа, она што е предизвик за маркетерите е брзината со која овај процес се одвива и тоа токму благодарение на феноменот интернет. Онлајн огласувањето навистина ја измени нашата реалност во смисла на брзината на реагирањето и огромната потреба за релевантност и оригиналност во морето на сензации кои потрошувачите секојдневно ги доживуваат“ додава Јована.
Кејсот на проектот The Coca-Cola Company Simply Tastly App можете да го погледате подолу: