Заедничка тема бр.1 кај маркетинг професионалците од светот и навивачите во Англија , овие денови, верувам веќе знаете, е хазардерскиот потег на американскиот производител на автомобили “Шевролет“ со рекламата – #DrivenBy: The Manifesto | Chevrolet FC , која ги разгори страстите кај навивачките армии на двата најголеми англиски фудбалски клубови – Манчестер Јунајтед и Ливерпул во пресрет на големото дерби кое ќе се игра викендов.
И додека ние се спремаме да “им дајме пеесет гола“ на “скаузериве“ во Недела, овие од Шевролет (спонзори и на едниот и на другиот клуб) направија реклама во која “ги споија“ децава што играат за нас со овие од лив`пул, па замисли ги натерале да зборуваат ист текст, пази богати со цел ум дека текстотов важит и едните и за другите
И ако е нормално нашиве деца да кажат дека: – “Играм за најголемиот клуб на светот…клуб основан пред повеќе од 100 години“ или “Нашиот стадион е место каде се случува магија-каде се родени херои и каде соновите стануваат стварност“ – ич не е пријатно другиот дел од фацата и дресот да биде со ливерпулци.
За рекламава се зборува на ТВ, на Фејсбук, на Твитер, на Јутуб по форуми, сајтови,блогови и каде уште не (еве дури и во Македонија)….па веројатно ако сакале да направат “врева“ несомнено од Шеви успеале.
Секако ако за момент и се екстрахираме од позиција на навивачи (тешко е богами) “со пола уста“ можеме да кажеме и дека :“Да, ова се најголемите два фудбалски клубови и беспредметно е да ривалската омраза зема замав за обична реклама“ НО незнам јас дали од Шевролет го размислиле и следниов факт:
– Кој сега од навивачите на Јунајтед (или Ливерпул) ќе им купи кола, ако таа кола го поистоветува со навивач на Ливерпул (или Јунајтед) ? а ?
* Авторот е во љубов со Манчестер Јунајтед