Срдечна реклама за слушалки кои ги елиминираат звуците
Без разлика дали живеете во стан во огромна зграда или куќа со градина, големи се шансите дека некогаш за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, да ве вознемириле бучните соседи. Ова често се случува токму кога бучавата не ви одговара, на пример за време на работен состанок.
Американската компанија Босе ја долови суштината на животот на релативно мала одалеченост од другите во ново црно-бело видео направено од агенцијата Wunderman Thompson од Дубаи. Видеото беше лансирано во САД, Европа, Австралија и Нов Зеланд.
Насловено „Драги соседи“, видеото ја прикажува реалноста на животот покрај луѓето кои пеат караоке, користат правосмукалка после полноќ, се диџеи или гледаат и слушаат воени филмови со експлозивен опкружувачки звук. „Проповедањето“ кон соседите е претставено на благонаклонет начин кој оди во попозитивна насока отколку што може да се очекува.
„Драги соседи“, заклучува нараторот, „Само сакав да кажам дека мило ми е што слушам дека сте добро“.