Проектот на хрватски 24часа, JoomBoos, најголемата мрежа на канали на YouTube во која се собрани најдобрите регионални YouTube-ри, е прогласен за најиновативен медиски проект на светот. Наградата за JoomBoos е врачена на престижното доделување на наградите INMA Global Media Awards во Њујорк
„Добивањето на наградата во Њујорк е остварување на сонот! Чувството е едноставно неописливо! Исклучително сум горд на оваа престижна награда, тоа е потврда за целиот мој тим кој допринесе за овај голем успех, знаеме дека проектот е многу успешен бидејќи ја освои исклучително тешко достапната млада публика. Започнавме револуција на медискиот пазар, тоа го докажавме со посебните проекти – првиот талент шоу на YouTube – Videostar, првата YouTube серија во регионот ‘Isti san’, а го препознаа и огласувачите како атрактивен канал.
Особено сум среќен што ги собравме најдобрите YouTube-ри во регионот кои секојдневно создаваат содржина каква што публиката едноставно обожава да гледа. Откако бевме препознати од пазарот, сега и целиот свет го поздрави проектот JoomBoos, а ветуваме дека ќе дадеме уште повеќе“ – изјави раководителот на проектот JoomBoos, Матеј Лончариќ на церемонијата на доделувањето на наградите.
JoomBoos, најдобро растечкиот регионален YouTube канал кој ги собира најдобрите YouTube-ри денес има повеќе од 171.000 претплатници, во просек 70.000 прегледи по видео, додека вкупниот број на прегледи на видеата преминува 30.000.000!
„Но, најголемиот успех на JoomBoos не се само големите бројки на гледаност и претплатници, туку и поврзаноста со својата публика. Видеата на JoomBoos постигнуваат рекордни реакции на публиката за само неколку часа после објавата и е единствен медиум која создава таков однос со публиката. Фактот што е препознаен и од INMA како најдобар во светот за најиновативен проект, после нешто од повеќе од година дена од почетокот е рекорден успех и голем поттик за сите нови проекти кои ги подготвуваме“ – изјави на доделувањето на престижните награди раководителот на иновациски проекти Јасна Земљиќ.
„Многу сум горд на работата и успехот на своите колеги. Тоа е уште еден доказ дека 24часа како водечки медиски бренд во Хрватска е признат и надвор од границите од земјата“ – изјави главниот уредник за 24часа Горан Гаврановиќ.