Замислете работно место каде секој член на тимот е уникатно парче од една голема сложувалка која на дневна база неуморно се стреми визуелно да мапира најдиверзифицирани фантазии, соништа, желби и замисли на брендови кои се движат на пирамидата на успехот.
Реткост е да се биде дел од тим каде никој не се искачува над другите, туку секој ги проширува своите поединечни хоризонти кои после некое време заедно се претопуваат и стануваат едно. Не е лесно да се создаде тим кој создава десетици различни идеи и перспективи, а сепак размислува синхронизирано, притоа пробувајќи да ја усогласи својата креативна замисла со желбата на клиентот кој е свесен или не за потребата од рекламирање на она кое го создал. Затоа и постојат маркетинг агенциите! За да ги потсетат компаниите дека за да се успешни и побарувани, истите мораат да бидат и видени!
“Doing business without advertising is like winking at a girl in the dark. You know what you are doing but nobody else does.” ― Steuart Henderson Britt
Нормално теоријата е само едната страна на приказната, но јас сум исполнета и среќна што во ПР и маркетинг компанија сум една од тимските играчи кои ја имаат претворено таа теорија во опиплива реалност. Горда сум што сум дел од тимски играчи измеѓу кои постои знак само за еднаквост и за ништо друго – знак чија издржливост секојдневно ја оддржувам со помагање на правилно координирање и инспирирање на квалитетен тим кој создава и креира. Тим кој се надоградува, подобрува, и проширува хоризонтално, а заедно и со синхронизирани чекори се искачува нагоре. Со растот на креативноста ги кршиме границите на човековата перспектива. Како креатори на идеи кои го подобруваат бизнисот и општеството, само со слушањето на звукот на кршењето на границите на нашите перспективи, последователно можеме да постигнеме како домино да се срушат и ограничувањата на хоризонтите на клиентите, кои од луѓе со едно размислување на првиот состанок, по успешно завршена кампања се лица со трансформирана матрица на перцепција за што е она кое му недостигало на бизнисот кој го водат. Затоа креативноста е потребно вечно да расте!
Креативноста е слободоумно формирање на скулптура од глина. Маркетингот е прецизирање на точниот тајминг кога треба да се запалат светлата околу креацијата. А успехот е како дијамант – без притисок истиот нема ни да постои!
Автор: Љупка Андоновска, Акаунт и тим директор
ИДЕА ЛАБ, ПР и маркетинг агенција www.idealab.mk