Кои сте вие како компанија? Која е вашата мисија? Кој е вашиот производ/услуга кои ги пласирате на пазарот? Кој е вашиот таргет/целна публика (јасно дефинираните таргети за вашиот бизнис значат многу во поглед на Интернет маркетингот)? Која е вашата приказна? Во која насока планирате да ги насочите вашите бизнис цели во периодот кој следи? Која е вашата маркетинг стратегија за 2017 година?…
Ова се само дел од прашањата на кои е потребно да обрнете внимание пред да изберете социјална платформа на која ќе се рекламирате, односно ќе посветите поголемо внимание за да обезбедите присутност на вашиот бренд на онлајн просторот.
Да, несомнено Интернетот нуди голема можност за пласирање на вашите информации, но изборот на соодветната платформа е оној кој ќе обезбеди вашата присутност на овој простор да вроди со одредени резултати.
Многу често компаниите на нашиот пазар сакаат да бидат застапени секаде, вложуваат средства во реклами на Google со цел да ја зголемат својата видливост при пребарување, вложуваат големи суми за реклами на Facebook, а во поново време и на Instagram.
Но дали стратегиите на вашата компанија се поклопуваат со стратегиите за онлајн рекламирањето, односно дали вашите напори за присутност на социјалните медиуми се согласуваат со вистинските потреби на вашиот бизнис?
Ова меѓу другото е битно прашање на кое е потребно да се стави акцент при дефинирањето на вашиот буџет и стратегии за онлајн маркетинг.
Како корисен податок од кој најнапред би започнале пред да дефинираме кој социјален медиум е соодветен за вашиот бизнис најбитно е да се дефинира зошто би избрале стратегија за Internet маркетинг.
Колку корисници на Internet има Македонија?
Во согласност со податоците на Internetlivestats.com, Македонија се наоѓа на 119 место од 201 држава каде бројот на корисници на Интернет за 2016 година изнесува 1,439,089 корисници од вкупен број на жители 2.081,012. Бројот на Интернет корисници годишно бележи раст од 0.9% во поглед на податоците од претходната година.
Овој податок е многу корисен затоа што во основа ќе ви даде одговор дали Интернетот е место каде можете да стигнете го крајниот потрошувач, односно дали вашите маркетинг активности е добро да ги насочите кон ваков пристап до своите таргети. Доколку вашата стратегија е добивање на популарност надвор од државата тогаш погледнете ја големата слика: Интернетот е брз начин за пристап на глобално ниво, тој е вашиот најлесен пат за глoбална презентација која никогаш не била толку достапна за бизнисите како денес, но затоа пак пристапот за разлика од оној на домашниот пазар потребно е да се промени во поглед на барањата на целните потрошувачи/пазари.
Присутност на Google
Google несомнено е најпопуларниот пребарувач глобално. Во текот на денешниот ден бројот на пребарувања на најразлични содржини на Google изнесувал над 4 билиони пребарувања, односно над 40,000 пребарувања во секунда.
Google постои од 1998 година, во првата година бележел 10.000 пребарувања на ден, а за една година бројот на пребарувања се зголемил до 3,500,000 пребарувања дневно.
Дефиниравме дека Google е место каде податоците за вашиот бизнис може да бидат пронајдени, но на каков начин?
Дали имате своја веб страница? – Веб страниците примарно се одличен начин на кој можете да бидете пронајдени- тие се вашата домашна адреса за виртуелна присутност и креирање на генерална слика за вашата компанија.
Рекламирање на Facebook
Според податоците Аllin1Social, Македонија има над 1,235,771,760 корисници на Facebook. Facebook поставува граница корисникот да не биде под 13 годишна возраст за да го користи медиумот, но тоа не ги спречува корисниците да напишат дека се повозрасни нели?
Дали Facebook може да ги задоволи барањата за вашите таргети?
На ова прашање е потребно да си дадете одговор кој во основа зависи од таргет публиката (дали се жени, мажи, деца, мајки и татковци, која возраст ја имаат, од кој град доаѓаат,кои се нивните интереси…) т.е – кој е таргетот за вашиот производ/услуга?
Таргетирањето на Facebook е клучно за успешно водење на активностите на овој социјален медиум.
Дали на Facebook е вашата целна публика?
Во последните 3 месеци од овој вкупен број на корисници на Facebook во Македонија застапени биле мажи со57.1%, а жените со 42.9%.
Од вкупниот број на Facebook корисници најзастапена е целната група од 25-34 годишна возраст – со поголема застапеност на мажите. Корисниците со 18+ години се застапени со 90%.
Кај овој тип на маркетинг (ќе го објасниме подетално во следните содржини) најбитно е правилното таргетирање (Facebook Ads игра голем улога во зголемувањето на вашата видливост) и понудата на содржини за да ја раскажете својата приказна, со цел остварување на интеракција со фановите и нормално зголемување на вашата популарност и заканување на вашиот brand-image. Со овој медиум никогаш не било полесно да стапите во контакт со вашата целна публика но и воедно да добиете feedback од крајниот корисник за неговото искуство со вашиот бренд.
Instagram рекламирање
Instagram има над 300.000 корисници од Македонија. 53% се мажи, а повеќе од 95% од корисниците се помлади од 45 години. Најзастапената целна група на овој медиум е групата од 18-34 годишна возраст (70%).
Што Instagram значи за вашиот бизнис?
Доколку сте бренд чиј таргет е вклучен во оваа целна група, Instagram е совршен за маркетинг на вашите активности/производи.
Но иако е популарен како медиум не смеете да го занемарите податокот дека воглавно овој медиум служи за lifestyle водич на помладата популација. Идеален е за маркетинг на храна, мода, луксузни брендови и популарни личности.
Пребрувањето е по клучни #зборови, популарноста се зголемува не само со тајмингот на објавување, платените реклами за таргетирање и со содржините кои треба да бидат инспиративни, креативни и да се базираат на реални фотографии.
Twitter
Twitter e најпопуларен во САД со 120 милиони корисници. 80% од корисниците на оваа платформа го користат преку својот мобилен телефон. За Македонскиот пазар е добар начин за добивање на внимание преку ифлуенсери. Тој е одлична платформа за дигитални новости и таков тип на медиуми. Кои се вашите инфлуенсери?
Доколку некои од популарните инфлуенсери од Македонија чии активности се поврзани со вашиот бренд се на овој медиум тогаш најдобра стратегија е вашите новости да добијат поголема видливост и популарност преку нив.
LinkedIn
Дали имате потреба од вмрежување со други професионалци ? Дали вашиот бизнис има потреба од соработници? Дали сакате да креирате професионален бизнис профил на кој ќе споделувате дел од своите успеси, ПР активности и сл? Дали вашиот бизнис е базиран на услуги (пр: консалтинг)?
Доколку овие прашања ви дадоа некоја слика за овој медиум тогаш искористете го за да добиете контакти. Секој бизнис е пожелно да има профил со свои конктакти на оваа мрежа, но голем дел од стратегијата на бизнисот треба да е поврзан со потребите на корисниците на оваа мрежа за да се спроведе’’ успешна присутност’’ на овој медиум.
Повеќе совети за дигитален маркетинг во следните авторски написи…