Пишуваат: Deacon Webster и Frances Webster , текстот првично е објавен на AdAge.
Водењето на рекламна агенција е тешка ребота. Конкуренцијата е жестока, клиентите се непостојани, маржите се слаби, а единствената константа во средината на големите збрки кои ги носи технологијата е промената. Тоа не е работа за оние со слабо срце, но токму заради тоа е и така возбудливо. По повод одбележувањето на 10 годишното работење на Walrus, би сакале да споделиме 10 лекции кои патем ги научивме.
1.Не дозволувајте да ве заведе секси бренд. Нашите најдобри кампањи секогаш беа резултат на партнерствата со одлични маркетери, од прв до последен. Брендот може да изгледа креативно сочно на хартија, но ако луѓето кои го водат шоуто не ја делат вашата визија или само нивниот збор е светост, тогаш вашата работа ќе страда. Проверете го одделот за маркетинг на Вашиот клиент подеднакво темелно како што и тие Ве проверуваат Вас.
2.Мерењата се најдобар пријател на идеите. Со помош на метриката можеме основано да докажеме дека вложувањето пари во некоја понеконвенционална активност доведува до подобра продажба отколку ставањето на истите тие пари во некоја сигурна идеја. Станете “нинџа“ кога е во прашање мерењето и аналитиката. Тоа ќе ви помогне да ги продадете оние работи кои сакате и ќе им помогнете на своите клиенти да ја подобрат својата продажба.
3.Обрнете внимание на малите работи. Кога за прв пат ќе отворите фирма, постои тенденција да барате еднорог, онаа работа која одма ќе ве катапултира меѓу ѕвездите. Ваквите проекти се мошне ретки и додека сте во потрага за еден таков, можно е да ви се случи да пропуштите креативна прилика која ви е сосема пред носот. На секој проект, било да е голем или мал, пристапете како да е тоа најважната работа на која некогаш сте работеле.
4.„Преговори“ не е лош збор. Низ годините научивме дека ако ние не се залагаме за фер агенциска провизија, никој друг нема. Целта на набавката е да се добие најдобра можна цена од понудувачот, а вашата цел би требало да биде да добиете пари кои вас ќе ви бидат потребни правилно да ја завршите работата и да го одржите вашето работење живо и здраво. Овие два погледи на светот меѓусебно не се исклучуваат, но морате да бидете спемни да се борите за себе и да работите со клиентот со цел да дојдете до креативни решенија за да и обајцата го добиете она што го сакате. Вашиот профит зависи од тоа.
5.Никогаш не престанувајте “да копате“. Новите проекти се пулсот на секоја агенција, така што секогаш треба да имате некој кој постојано ја полни инката. Со просечен век на CMO од 45 месеци, работите исчезнуваат. Клучот е да се знае кога да се префрлите со поголема брзина на копање. Можеби може да звучи нелогично, но токму кога работите се најзабрзани, баш тогаш вашата програма за барање нови работи, би требало да биде во полн ек.
6.Пола работа е во тоа што знеате, а другата половина е во тоа кого знаете. Еднаш имавме вистинска катастрофа со питч за непрофитна организација. Но, на еден член на нивниот тим нешто сигурно им се допадна кај нас. После една година подоцна, тој се најде во компанијата Staplеѕ и не ангажира на еден голем проект. Никогаш не се знае каде може да се појави следната прилика, или што се однесува на тоа, кој би можело да биде ваш следен клиент. Имајте отворен ум, и пред се, бидете љубезни спрема сите кои ги среќавате на сите нивоа во некоја организација.
7.Балансирањето на деловно-приватниот живот не е бајка. Ако сакате вашиот тим да го дава она што најдобро го може, овозможете им да имаат приватен живот. Работите како што се флексибилно работно време и неограничен одмор, им даваат на вработените можност да се фокусираат на други важни аспекти од животот, како што се фамилија и други интереси. Тоа на агенцијата исто така и овозможува да задржи повеќе вредни таленти. Три наши оддели ги водат жени кои работаат по флексибилно работно време, што на младите колеги им испраќа порака дека тоа е можно.
8.Немојте да „одлепите“. Најдобрата работа која сопственикот на агенцијата може да ја има е емоционалната стабилност. Да се изгубат клиенти, да се изгуби понуда, да се изгубат вработените – тоа им се случува на сите во оваа работа, понекогаш тоа се се случува во еден ден. Де се одржи изглед на смиреност кога се оди наопаку, е клучот за одржување на перфомансот на агенцијата и клучот да илезете од сето тоа посилни од било кога. Само преправајте се дека сте стјуардеса.
9.Ако сфатите дека нешто работате само поради пари, запрете. Размислете за тоа зошто воопшто сте ја отвориле својата агенција и постапувајте во согласност со тоа. Што се однесува до нас, ние страшно сакаме да бидеме горди на работата која ја работиме. Нема ништо полошо отколку шетање покрај мониторот и гледање работи за кои никогаш не би сакале некој да дознае дека вие сте ги направиле. Мораме секогаш да бидеме претпазливи.
10.Кога се друго ќе пропадне: мартини