Apple напредуваше многу од времето кога ја објави својата прва реклама пред 40 години, а еве еден поглед на десетте најдобри реклами кои помогнаа во дефинирањето на брендот.
Најпрвата реклама на Apple се појави во 1976 години и повеќе личеше на флаер отколку на реклама. Се работеше за реклама за Apple 1 компјутерот и претставува една маса на текст која многу се разликува од сегашниот заштитен знак на брендот да користи голем празен бел простор.
Еве ги 10 најдобори Apple реклами во изминатите 40 години:
1) ‘Homemaker’ (1981)
Во спотот се појавува телевизискиот водител Дик Кавет кој игра со сексистички стереотипи кои некогаш преовладуваа во адвертајзингот.
Водителот Дик Кавет, централна фигура во раните реклами на Apple, игра улога на женомразец кој ја прашува ‘домакинката’ како таа го употребува Apple II во планирањето на домашниот буџет.
Таа потоа го ‘спушта на земја’ со одговорот дека “работи за златна иднина,” а рекламата завршува со нејзино дополнување дека таа е и сопственик на мала фабрика за челик.
2) ‘1984’ (1984)
‘1984’ на Apple има обезбедено свое место во адвертајзинг фолклорот и често е споменувана како најдобрата реклама што е некогаш направена. Шокантно, рекламата за малку воопшто немало да биде објавена бидејќи бордот на Apple ја мразел откако првпат ја погледнале, според Фред Голдберг, Account Manager во Chiat/Day, кој пишуваше за тоа во неговата книга ‘Insanity of Advertising: Memoirs of an Ad Man’.
Спотот беше режиран од Ридли Скот а главна улога имаше непознатата британска актерка Ања Мејџор, додека “Големиот брат” беше игран од актерот Дејвид Грејам.
Кога бордот ја погледнал првчината верзија, тие сметале дека рекламата ќе биде катастрофална бидејќи тогашниот Apple кој се’ уште беше во рана фаза на развој беше поразуван од страна на својот поголем конкурент IBM, и бордот сметаше дека не е мудро “да се удри шамар на лидерот во индустријата” во тој момент.
И покрај тоа што Стив Џобс ја обожавал, а дури и понудил самостојно да плати за нејзиното емитување, бордот на Apple наредил на Chiat/Day да ги продадат 90-те секунди емитување кои компанијата ги купи за Супер Бол-от.
Коосновачот на Chiat\Day Џеј Чиат им наредил на сите во агенцијата намерно да работаат споро и како резултат на тоа отстраниле само 30 секунди, што значеше дека 60-секундната верзија сепак се емитуваше за време на Супер Бол. Останатото, како што велат, е историја.
Рекламата донесе повеќе од 150 милиони долари од продажби само во првите 100 дена од лансирањето на Mac, рушејќи ги сите проценки на Apple, а се смета дека рекламата е виновна за воведувањето на идејата Супер Бол рекламите да бидат форма на забава сами по себе.
3) ‘Color’ (1990)
Оваа реклама е убава во својата едноставност, што овозможува поголем акцент врз пораката дека Apple го лансираше својот прв, достапен за сите, Macintosh во боја.
Macintosh LC, што значи ‘low-cost colour’, се покажа многу популарен во пазарот за едукациски и домашни компјутери. Претходните Mac компјутери во боја биле многу скапи со широки граници на профит. Споредено со претходните Mac компјутери, LC моделот скрати на некои делови и функции за да задржи ниска цена.
4) ‘Mission Impossible’
Првиот ‘Mission: Impossible’ филм содржеше product placement на Power Book на Apple и технолошката компанија го дополнително го искористи тоа со реклама составена од сцени во кои Том Круз го употребува уредот.
Креативата завршува со нарација која вели: “откако го изгледавте филмот, ќе саката да ја земите и ‘книгата’ (book)” и мотото “Очекувајте го невозможното.” Apple ја возобнови врската со Mission: Impossible за четвртиот филм од франизата – ‘Ghost Protocol’.
Круз и останатите актери употребуваат MacBook, iPad и iPhone уреди за вршење на работи од отворање на врати до препознавање на лица.
5) ‘Think Different’ (1997)
Think Different кампањата ги отелотворува принципите на Apple и дојдо во период кога компанијата се наоѓаше на своето дно. Стив Џобс се врати во компанијата, но се соочи со буџет во кој имаше средства за уште 90 дена работење и без некој пробивен производ на хоризонтот.
Chiat\Day доби задача да смисли некоја голема идеја која би вратила среќата на страната на Apple. Многу луѓе бараа признание за огромниот успех на Think Different кмпањата, но се чини дека човекот кој заслужува најмногу од аплаузот е помладиот арт директор Крег Танимото.
Идејата ја добил од една сликовница на Dr. Seuss, насловена Sneetches, во која некои од карактерите имале звезда на својот стомак и биле дискриминирани од другите. Додека шкртал низ книгата, меѓу другото напишал и “Think Different” и така се родила кампањата.
Нарацијата за ТВ рекламата е читана од страна на Ричард Дрејфас, откако Стив Џобс одбил да го направи тоа, објаснуајќи дека “ако луѓето помислам дека се работи за мене, а не за Apple, тогаш сe’ ќе упропастиме.”
6) ‘Un-PC’ (1998)
Microsoft беше субјектот на гневот на Џобс, пред тоа да стане Google, и манифестацијата на тоа може да биде видена во ‘Un-PC’ рекламата и во следствената ‘Get a Mac’ кампања.
“Un-PC” рекламата удира врз конкуренцијата дека таа е “постојано комплицирана.” Стилскиот и шарен Mac беше огромен контраст на конкурентните сиви Windows компјутери.
Познат е вербалниот напад на Џобс кон Microsoft дека “тие апсолутно немаат вкус,” додавајќи: “Тоа не го мислам на мал начин, туку на еден голем начин, во смисла дека тие немаат свои оригинални идеи, и не внесуваат многу култура во своите прозиводи. Јас сум тажен, не поради успехот на Microsoft, јас немам проблем со нивниот успех. Тие го сработиле својот успех, во поголем дел. Јас имам проблем со фактот дека тие едноставно прават треторазредни производи.”
7) ‘Silhouette ‘ (2003)
Требаа неколку години за iPod-от да се здобие со огромниот успех и имиџот кој го имаше, а оригиналната реклама од 2001 беше лесно заборавена. Но, безгрижното танцување од оваа реклама беше повторено во многу успешната ‘Silhouette’ кампања која се емитуваше долго време.
Песната ‘Are You Gonna Be My Girl’ на австралискиот бенд Jet која се појави и во една од пораните реклами можеби најдобро ја отсликува енергијата и забавата која произлгуваше од кампањата.
8) ‘Get a Mac’ (2006-9)
‘Get a Mac’ кампањата траеше неколку години и претствуваше континуиран напад врз Windows PC компјутерите.
Звезди на камапњата беа Јон Хогман кој се претставуваше како PC и Џастин Лонг како Mac, во спотови кои требаше да ги покажат разликите помеѓу еден типичен PC и Mac корисник. Во рекламите постојано се повторуваше реченицата “Јас сум Mac… а јас сум PC” и одржуваше чувство на константност со тоа то секогаш беше снимана на бела позадина.
Човекот кој се претставуваше како Mac беше облечен кежуал, додека стереотипниот PC корисник беше во костим и вратоврска. Apple се обиде да ја рекреира кампањата во Обединетото Кралство со комедиското дуо Мичел и Веб, но никогаш не успеа да го повтори успехот како кампањата во САД.
9) ‘There’s an app for that’ (2009)
Apple го револуционизираше светот со својот масивно популарен iPhone смартфон. Неговото влијание беше во засилени и од впечатливата ‘There’s an app for that’ кампања.
Фразата ‘there’s an app for that’ (‘постои апликација за тоа’) стана дел од лексиконот и беше толку популарна што Apple ја регистрираше и како трговска марка. Фокусот врз апликациите беше главен диференцијатор за Apple и помогна во успешното победување на конкуренцијата како Nokia и BlackBerry во борбата за ‘смартфон светот.’
10) ‘What is iPad?’ (2010)
Стив Џобс ја мразел оригиналата iPad реклама која прикажувала човек во бледи фармерки како седи во столица и користи таблет. Според него, рекламата изгледала како да е за домашни апарати.
Џобс му се јавил на Џејмс Винсент, директор на TBWA\Media Arts Lab, за да му каже дека рекламата “ е ужасна.”
“iPad-от треба да го револуционизира светот и потребно е нешто големо, а ти ми го даваш ова?!”, додал Џобс.
Евентуално, Џобс одлучил дека реклмата за iPad треба да биде еден вид манифест за производот и резултатот е ‘What is iPad?’ кампањата. ТВ спотот силно потсетува на ‘Who is Newton?’ спотот на Apple од 1993, која бил наменет за еден редок неуспех на Apple, персоналниот помошен дигитален уред Newton.
Поглед на изминатие 40 години…
Нема двоумење дека адвертајзингот играл голема улога во огромниот успех на компанијата. Достојно, Apple создаде 40-секунден спот за да ги одбележи изминатите 40 години: