Ivy Lee, основачот на модерните односи со јавноста,ја објави неговата ”Декларација за принципите за целта и вредностите на PR” во 1906 година. И покрај повеќе од еден век на активности, од ПР професионалците, често се бара да дефинираат што се подразбира поточно под ПР.
Ние може да дадеме објаснување дека ПР е за градење на односи, менаџирање на репутација, промовирање на вредности и лидерство преку ангажирање на различни групи на луѓе. На аутсајдерите, ваквите објаснувања им немаат големо значење, и не ги предизвикуваат нивните однапред, креирани заблуди за односите со јавноста.
- ПР не се заоснова на лаги или лажно претставување.
ПР се однесува на градење на врски и менаџирање на кредибилитетна репутација. ПР не е само ‘’фенси‘’ дефиниција за намерно искривување на вистината, ширење на лаги или разводнување на вистината.
- ПР не е маркетинг или рекламирање.
Со маркетингот и рекламирањето се промовира услуга, производ или бренд за целите на продажбата. ПР-от служи за градење на сериозен кредибилитет и доверба преку размена на информации, знаење и увид со цел да се подигне свеста за една организација или тема.
‘’Маркетингот и рекламирањето се еден вид на Лас Вегас шоу. ПР-от е презентација на TED.’’
- ПР-от не е еднократна активност.
Менаџирањето на репутацијата мора да е долговечно за да е важно. Доколку ПР-от е ограничен на одреден период на време или на одреден мал број на активности, менаџирањето на угледот нема да е заштитено. За градење на односи и репутација е потребно време и концентриран напор. Успешнате ПР професионалци инвестираат во долгорочни односи, врз основа на заеднички и вистински вредности, за да се постигне долготрајна позитивна репутација.
- ПР не се однесува на површна промоција.
ПР-от обезбедува пренесување на веродостојни пораки. Овој однос се заснова на искрени и пред се значајни содржини. Само тогаш ПР професионалците и агенциите ја заслужуваат вашата доверба, интерес и ангажирање во креирањето на добар углед.
- ПР-от не се однесува само на “цели”.
Ловците “целат” кон животни како предмети кои ќе ги поседуваат. Секој оној кој ги опредметува потрошувачите на тој начин не ја заслужува довербата. ПР односите се базираат на ангажмани од почит. Тие се комуникација од која сите вклучении страни во “разговорот“ мора да имаат бенефит.
- ПР-от не служи за влез на пазарите и до публиките.
Иако “пенетрација” се уште е заеднички израз за влез на пазарите и помеѓу комуникаторите, овој збор е само доказ за застарениот пристап кон оваа индустрија. ПР професионалците ги почитуваат луѓето со кои комуницираат со цел да се здобијат со заедничко разбирање. Тој не се однесува на имање на моќ над некого, туку за давање моќ на некого.
- ПР-от не е за “публиката”.
“Публиката” се однесува на луѓе кои очекуваат да слушнат или водат нешто, но оваа врска е пасивна врска. Иако тие можат да чекаат да се слушне или да се види нешто, оваа врска во суштина е пасивна и обично е без ангажман и дијалог. ПР-от е разговор, а не монолог. Тој се однесува на начините на кои поединците и заедниците кои споделуваат заеднички интереси комуницираат за да имаат взаемни бенефити.
- ПР-от не се однесува на превземање на напади и жртвувања.
‘’Спин докторите’’ -заедно со одредени агенции и организации, се обидуваат да добијат предност преку пренесување на лажни информации околу своите содржини и / или да прават поткопување на оние содржини за кои сметаат дека им се непријатели (за конкуренцијата). Не секогаш овие односи прават добро за нив порано или подоцна ќе резултираат со негативни последици.
Успешните ПР професионалци се фокусираат на споделување на веродостојни податоци, знаење и разбирање. Тие ја преземаат одговорноста и одговараат за своите постапки и зборови.
- ПР не е само за нафрлање на зборови без значење.
Во повеќето општества, сечиј збор има вредност. Според законот, ние дури го имаме и терминот “вербален договор”, кој често може да биде и правно обврзувачки. Важно е да се признае дека нечиј збор само по себе не е само површна дејност; зборовите се многу важни. Зборовите се важни, како и акции. Заедно, кога делуваат на позитивен и одговорен начин тие не претставуваат во нашето најдобро светло. Доколку не успеете макар во едното не сте успеале и во двете.
- ПР-от не е мртов.
Често се декларира дека ПР-от е мртов. Кога одредени групи на луѓе говорат на овој начин тие се трудат да продадат нешто друго што е наводно ново, поинакво и подобро од ПР пристапот но сепак ја содржи неговата суштина но носи друг назив.
ПР-от ќе продолжи да опстојува толку долго колку што е и важна потребата од градењето на врските и репутацијата, затоа што тој се односува на нив генерално. Тој е тука и ќе остане, без разлика дали тоа ќе продолжи да се нарекува ПР или ќе носи нов назив во иднина.
Што би додале вие на оваа листа?