Weekend Media Festival ни ги претставува урбаните Париз и Берлин: Двата највозбудливи градови во Европа кои настанаа на соживотот на различноста
Партнери на овогодишниот Weekend Media Festivala се Германија и Франција, чии предавачи преку панелите, изложбите и музиката ќе не` водат низ современата култура на нивните најпознати градови
Започнаа подготовките за 11-тиот Викенд Медиа фестивал, кој зачекори во својата втора деценија. Оваа година најголемиот регионален комуникациски фестивал ќе се одржи од 20 до 23 септември, а на сите добро познатата локација, поранешната фабрика за тутун во Ровињ, ќе биде во знак на урбаните Париз и Берлин. Партнерите на овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал се Франција и Германија, водечките европски економски сили, но и престолнини на мултикултурализмот, уметниците, интелектуалците и иноваторите.
Томо Рицов, директор на Викенд Медиа Фестивалот, истакна: “Париз и Берлин успееја да ја искористат нивната разновидност, која е клучен фактор за нивната динамичност и постојана обнова. Всушност овој соживот на навидум неспоиви идеи, ни послужи како инспирација за овогодишниот 11 Викенд Медиа Фестивал. “
Дел од програмата на фестивалот ќе биде посветена на гостите од Германија и Франција, кои со заедничко учество на фестивалот ќе го претстават единството и испреплетеноста на Европа. Преку предавања и панели, ќе не` запознаат со најдобрите маркетинг, медиски и деловни практики на своите земји, а во придружната програма ќе не` проведат низ современиот Берлин и Париз.
Низ изложбите и музиката ќе ѕирнеме во животот на современиот bon vivant, ќе го пронајдеме парискиот шарм во најновите пронајдоци и ќе дознаеме како во Берлин коегзистираат панкери и бизнисмени, ‘рѓосани велосипеди и луксузни германски автомобили, почитувани сликари и уметници на графити – и сите се чувствуваат добредојдени.
“Берлин и Париз отсекогаш биле познати како градовите на слобода за луѓето чија личност и начин на размислување излегуваат од општествено дефинираните рамки. Токму таквите луѓе, визионери на нашата индустрија, се обидуваме да ги собереме на Викенд Медиа Фестивалот. Затоа ни е многу драго што оваа година, партнери ќе ни бидат држави и градови кои поттикнуваат разновидност и креативно размислување. Сигурно дека ќе имаме што да научиме едни од други”, изјави Никола Врдољак, директор на програмата на Викенд Медиа фестивал.
Подготовките за 11-тиот Викенд медиа фестивал се во полн замав. Early bird котизациите се веќе во продажба и до 1 мај можат да се купат во исклучително поволна цена од 1.200 куни. Сите агенции своите кампањи можат да ги пријават на седмиот по ред BalCannes, а најдобрите дигитални кампањи во регионот ќе бидат претставени на најважните дигитални награди, SoMo Borеc.
Освен по конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа Фестивал е познат и по своите забави. И оваа година не` очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.