Три од четири лица се соочуваат со страв од говорење пред група на луѓе. За среќа, психолозите можат да ви помогнат со совети и да интервенираат во овој дел, со цел да ја импресионирате својата публика следниот пат кога ќе одржувате презентација.
1.Се што правите- правете го за својата публика.
“Колку повеќе нагласок ставате врз слушателот, помалку ќе внимавате како изгледате додека зборувате, како звучите…
2. Внимавајте на говорот на телото.
Многу е едноставно да застанете право, да ја дигнете својата глава и да дишете длабоко кога ќе застанете пред толпа на луѓе. Овие мали промени во вашиот говор на тело ќе ви помогнат да се однесувате и чувствувате како лидери и притоа да зрачите со доверба.
3.Не одвлекувајте го вниманието со повеќе слајдови.
Студија од 2010 покажала дека кога публиката слушала говор, мозочните бранови кои ги испраќал говорникот и оние на публиката се синхронизирале, со што се добивало разбирање на тематиката. Користењето на премногу слајдови за време на една презентација го попречува овој процес.
4.Соочете се со својот страв…со пишување.
Можеби звучи застрашувачки, но еден често препорачан начин за надминување на стравот е да се соочите со него со високо исправена глава. Како да го направите тоа пред да излезете на бина пред аудиториумот?
Напишете ги на ливче најлошите резултати кои можат да произлезат од вашиот говор. Дали сега ви звучат толку застрашувачки?
5.Запомнете: тие се таму затоа што сакаат да ве чујат што имате да им пренесете.
Не сте се нашле на бина затоа што тоа е резултат на вашето его- потсетуваат психолозите. Говорите пред аудиториум затоа што цела таа публика сака да ја чуе вашата перспектива или пак да научи нешто од вас. Публиката е тука заради вас.
6.Набљудувајте го својот внатрешен глас.
Гласот во вашата глава говори’’Ти не можеш да го уништиш ова’’ или пак ‘’Изгледаш нервозен/нервозна’’. Внимавајте на дијалогот кој го водите со вашиот внатрешен глас и не потпаѓајте под сопствениот притисок кој единствено се наоѓа во вашата глава.
7.Визуелизирајте го успехот.
“ Размислувајте за она што сакате да го кажете, а не она што не сакате, затоа што кога се обидувате да не мислите или пак да не направите нешто, поголема е веројатноста тоа да се оствари/случи’’,советува професорот по психологија Sian Beilock.
8.Сменете ја својата перспектива за стресот.
“Кога ќе го промените своето гледиште за стресот, го променувате начинот на кој вашето тело одговара на стресот. Обликувајте го стресот во друга форма, на начин на кој тој ќе ви помогне да го дадете најдоброто од себе’’ советува универзитетскиот професорот по психологија на Stanford- Kelly McGonigal.
9.Бидете кратки.
Истражувањата покажуваат дека дури и на најдобрите предавања, луѓето започнуваат да се вклучуваат по 10-20 минути од самиот почеток, па доколку имате доста тематики за кои треба да зборувате, поделете ги и направете паузи меѓу истите, со цел да го задржите вниманието на вашата публика.
10.Прифатете го својот стил.
Интровертните личности не треба да глумат екстровертни личности и обратно, а ниту пак премногу сериозните личности нема добро да изгледаат додека кажуваат шеги со цел да го изменат впечатокот за нив.
11.Додадете свој личен израз.
Доколку го изгубите својот фокус, привлечете внимание со израз или пак слика која ќе ве потсети на крајната цел.
12.Додадете им ‘’лесен финиш’’ на недостатоците.
Доколку не изгледате збунето и не им давате до знаење на своите слушатели дека правите грешки, тие нема да го забележат тоа. Едноставно ‘’Ајде да пробаме повторно’’ по некоја направена грешка, ќе ве стави на многу подобра позиција кај своите слушатели.