(12.12.2022) Во големото финале на NEM Zagreb 2022 година, на 9 декември, на церемонијата на доделување на наградите беа објавени победниците на натпреварот за пишување телвизиски содржини пред сите финалисти на натпреварот и публиката која чекаше да ги дознае имињата на победниците и на натпреварувањата за пишување содржини според сценарио и без сценарио.
Претставници од продукциски куќи, национални телевизиски канали и други засегнати страни во телевизиската индустрија, како што се eta Film, Rai, Zig Zag Productions, Script Angel, Nova TV, Telekom Srbija, Joyrider, RTV Slovenija, CineLink Industry Days и креативниот огранок на Sarajevo Film Festival, како и Кристина Гало и Дана Стерн како независни членови на жирито, ги избраа најперспективните млади автори и проекти кои покажуваат голем потенцијал за понатамошен развој и инвестирање.
Победници во категоријата содржини според сценарио беа Милена Џамбашовиќ и Матија Драгојевиќ од Србија, со периодичната драма „Wool“.
Финалисти во категоријата по сценарио беа: Катарина Белиќ (Србија) со комедијата/драмедија „The Missing Life Manual“; и Агне Серпитите (Германија) со акционата драма „The NFT Hunt“.
Победници во категоријата без сценарио беа Хрвоје Освадиќ и Јасна Нанут од Хрватска, со квизот „The Dream Pension“.
Финалисти во категоријата без сценарио беа: Матеј Мерлиќ (Хрватска) и Агне Серпитите (Германија) со квизот „The Astronaut Experience“; и Лаура Прибаниќ (Хрватска) со документарната серија „Projekt Rast(anak)“.
Организаторот на настанот, агенцијата за маркетинг и ТВ индустрија Mediavision, обезбеди големи награди за победниците на натпреварот кои вклучуваа награда од 3.000 евра, учество на работилница за пишување, котизација за еден настан на телевизиската индустрија и котизација и заедничка конференциска маса за телевизискиот настан NEM Dubrovnik 2023, планиран за јуни 2023 година.
Вредноста на учеството во ТВ-натпреварот за пишување не застанува тука, бидејќи сите проекти прифатени на конкурсот и деталите за контакт на сите автори ќе останат достапни за членовите на жирито за идни проекти и соработка.
Панели, презентации и вмрежување на последниот ден од NEM Zagreb 2022
Еден од сегментите на програмата на последниот ден, панелот “TV Writing – How to Bring out the Best from CEE?” се покажа како еден од најинтересните за сите писатели, без разлика на нивното ниво на професионално искуство. Фокусирајќи се на процесот на пишување и креативните предизвици на пишувањето сценарија, професионалците беа среќни да споделат совети за тоа како да станете дел од светот на пишувањето за телевизија, објаснувајќи зошто дури и најдоброто сценарио не секогаш успева да стигне до вистинската продукција. Домаќин на панелот беше Хејли Мекензи, основач и извршен директор на Script Angel, придружена од:
- Леонид Годик, потпретседател за меѓународна продажба и аквизиции во Beta Film Gmbh;
- Денис Карам, архивски продуцент во Zig Zag Productions;
- Дана Стерн, извршен директор за глобална содржина; и
- Рахела Стефановиќ, главен уредник на Хрватската радиотелевизија (HRT).
Сања Божиќ Љубичиќ, извршен директор и сопственик na Mediatranslations, Mediavision и Pickbox, и Амра Бакшиќ Чамо, филмски продуцент во SCCA/pro.ba, имаа интервју на тема: “Originals from Bosnian and Herzegovinian Production”.
На презентацијата за телевизиската индустрија во Шпанија, “Spanish TV Fiction by Conecta”, Алба Перез од Inside Content, разговараше за трендовите на еден од најбрзо растечките и најинтересни телевизиски пазари во светот.
Студентите од постарата година од Катедрата за филмска и телевизиска продукција на Факултетот за драмски уметности во Белград зборуваа за нивниот став за правење нискобуџетни филмови и телевизиски продукции, додека Франческо Горгони, шеф на креативниот тим во Casta Diva, објасни како се создаваат идеите за оригинални формати во неговата презентација “Diva – A New Player in Formats Adaptions and Creation of Original IP”.
Последниот ден на NEM Zagreb 2022 започна со сесија за вмрежување со утринско кафие, организирана од Хрватската радиотелевизија (HRT), а второто издание на успешниот настан заврши со коктел на терасата Олеандер, чиј домаќин беше агенцијата Mediavision.
Повеќе информации за настанот можат да се најдат на официјалниот веб-сајт: www.neweumarket.com/zagreb/, како и за следниот NEM Dubrovnik 2023 на веб-сајтот: www.neweumarket.com/dubrovnik/.