Мрежата на независни маркетинг агенции во Централна и Источна Европа WeCan го издаде својот петти годишен извештај под називот Canual Report
Извештајот ги опфаќа и сумира резултати работењето на пазарот на огласување во 15 земји од Централна и Источна Европа во периодот од 2014 до 2018 година и вклучува предвидување на трендовите за наредните пет години.
Покрај податоците за навиките на користење на медиумите и трошењето во рекламирање, публикацијата содржи и авторски текстови од експерти и лидери од други индустрии, како што се Агњешка Косик, извршен директор на Фејсбук во Полска, Илес Вадаш, индустриски менаџер на Гугл во Унгарија, Мојца Бришчик, претседател на фестивалот Golden Dram и д-р Акос Козак, директор на GfK од Унгарија.
Две пресвртници за пет години
Извештајот покажува дека вкупната вредност на трошењето на рекламирање во регионот во 2018 година достигна 13,8 милијарди евра, што е за три милијарди повеќе од пред пет години.
Бројот на луѓе во регионот кои секојдневно користат Интернет се зголеми за 10% од 2014 година и во повеќето земји огласувачите брзо се прилагодија на оваа голема промена во навиките на користење на медиумите.
Овај брз раст на користењето на интернет содржини е проследено со експлозивно зголемување на уделот во трошењето на интернет огласување од 104% во однос на вкупните вложувања во огласувањето, достигнувајќи 5,7 милијарди евра минатата година за регионот Централна и Источна Европа, надминувајќи ги инвестициите на огласувачите во телевизија.
Преземањето на лидерската позиција на инвестирањето во дигитално рекламирање не е единствената пресвртница на пазарот на Централна и Истолна Европа. Додека во набудуваниот период е забележано константно намалување на инвестициите во огласувањето во печатените медиуми (-28%), пазарот на надворешното рекламирање (out-of-home) се зголеми за 10%.
Пазарот на огласување во периодот помеѓу 2014 и 2018 година
- Терлевизија или Интернет?
Огласувачите во земјите на Вишеградската четворка биле најбрзи во прилагодувањето на огласувањето во ерата на интернет. Чешка е првата земја во која потрошувачката на огласување на интернет ја потисна телевизијата. Овој тренд потоа го следеа Унгарија во 2015 година, Полска во 2018 година, додека се очекува Словачка да се приклучи во многу блиска иднина. Покрај нив, уште три други држави ја имаа оваа пресвртница – Литванија во 2016 година и Украина и Русија во 2018 година. Последната во оваа серија стана вистинска дигитална суперсила, придонесувајќи за речиси половина од вкупното рекламирање на Интернет во регионот.
- Чешка, Унгарија, Полска, Словачка, Русија, Украина, Литванија: Интернет
- Романија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска: ТВ
- weCAN рангирање
Пред пет години, weCAN разви индекс кој ќе ги доближи огласувачите и ќе ја објасни состојбата на пазарот на огласување во регионот. Вредноста на WeCAN индексот го прикажува процентот на потрошено рекламирање по глава на жител во номиналниот БДП во земјата, откривајќи дали трошењето на огласување како економски сектор е посилно или послабо во однос на вкупните економски перформанси на земјата.
Од 2014 година, индексот weCAN порасна во Чешка, Украина, Унгарија, Полска, Словачка, Русија и Литванија. Тоа значи дека во овие земји пазарот на рекламирање порасна подинамично од економиите на овие земји.
Овие се истите земји во кои огласувањето на интернет го зазеде приматот над телевизијата, докажувајќи со тоа дека економскиот сегмент во којшто спаѓа рекламирањето е развиен на истиот начин како и во западните пазари, доколку трошењето на интернет-рекламирање е прво на листата.
Повеќе информации можете да пронајдете на: https://wecan.net/cannual-report/#download