Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, кој оваа година ќе се оддржи по 23-ти пат од 18 до 21 октомври во Љубљана, го објави конечниот рок за пријавување на проектите: 13.09.2016.
Овогодишните пријави која ќе пристигнат на Golden Drum, ќе ги оценуваат две жири комисии составени од 22 меѓународно признати стручњаци од креативните индустии.
“Имам многу големи очекувања. Проектите во овој регион се исклучително смислени и добро изведени. Ќе барам стратешки, врвно изведени идеи кои ги предизивикуваат општествените граници“, изјави Graham Land, главен креативен директор на агенцијата Y&R Advertising за Јужна Африка и Африка, претседател на жирито за најдобар проект на Golden Drum.
Golden Drum за оваа година најави бројни новини, па така и двете натпреварувачки секции, Најдобар проект и Најдобра пракса, целосно се преуредени, а воведена е и нова натпреварувачка секција Best capture of local spirit, за проекти чии креативни решенија се базирани на локалниот дух на некое подрачје. Посебна новост на овогодишното натпреварување претставува и регионалната награда Golden Drum Adriatic Awards, отворена за учесниците од јадранскиот регион.
Eduardo Marques, извршниот креативен директор на агенцијата 189 LA од Калифорнија и претседател на Best Practice жирито, коментирајќи ја важноста на фестивалските награди изјави : Наградата е признание за сјајните проекти. Тоа е службен печат. Тоа е мемори на агенцијата. Тоа е она поради кое дишеме !
Голден Драм натпреварувањето и наградите се отворени за сите агенции, огласувачи, клиенти, дизајнерски или продукциски куќи, медиски куќи и други кои се вклучени во создавањето или продукцијата на маркетинг комуникациите, регистрирани во следните земји: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Македонија, Малта, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан.
Важни датуми:
Пријави и регистрација на делегати: отворени
Крајни рок за пријава на проекти: 13. септември
Early bird пријави за делегати: 20. септември 2016
Повеќе за Голден Драм фестивалот можете да пронајдете на : www.goldendrum.com