“Мојот шеф ме мотивира преку страв и контрола”- не кажал ниту еден вработен до сега. Еве што ќе чуете од мудрите лидери..
Мотивацијата доаѓа во најразлични форми, но често постои желба да се делува со јасна намера и голема цел кон постигнување на добар резултат. Мотивацијата доаѓа длабоко внатрешно од нас, а затоа и ‘’срцето и умот’’ потребно е да бидат вклучени во самиот процес. Доколку сте во лидерска позиција, не постои сомнеж дека вие го држите клучот во своите раце за поттикнување на мотивацијата кај секој член од својот тим.
Се започнува од начинот на кој ги кажувате нештата.
Мудрите лидери може да ги мотивираат своите вработени со користење на следните 13 совети:
1. “Јас сум доследен и ќе те известам околу барањето”
Голем дел од успехот се потпира на давањето на насоки и поставувањето на соодветни очекувања од страна на лидерите. Па кога нештата не се доволно јасни, поставувањето на прашања и грижи околу истите е од голема важност. Неуспехот во овие активности може да води кон ставање на прашање на вашиот интегритет и појава на недоверба. Не кажувајте нешта кои не ги мислите. Мудрите лидери се доследни на своите ветувања преку јасен акциски план со договорена временска рамка. Потоа тие го остваруваат ветеното!
2. “Имам добри и лоши новости.”
Зошто овој пристап би бил мотивирачки?
Дали сте работеле во рамките на тим каде нештата се договарале зад затворени врати во рамките на лидерскиот тим? Дали сте се соочиле со лидери кои нештата ги сокривале под ‘’тепихот’’? Мудрите лидери го прават спротивното.
Тие ја кажуваат вистината и го објаснуваат комплетно контекстот, кој, кога, како, каде и зошто фигурира во донесувањето на одлуките. Доколку нешто не можат да го остварат, тие се отворени и објаснуваат зошто истото не е остварливо. Фактот што лидерот може отворено и искрено да ги искомуницира добрите и лошите новости, вистински може да ги мотивира вработените. Овој пристап и овие лидери ја освојуваат довербата и лојалноста на вработените затоа што може да им се верува.
3. “Ова се нештата со кои се соочуваме…”
Луѓето сакаат да ја знаат својата позиција. Сакаат да се чувствуваат безбедно и сигурно дека лидерите мислат на нивните интереси. Кога се случува некоја пречка – некоја транзиција или пак ненадејна промена на насоката на нештата, мудрите лидери ја одржуваат високата мотивација преку бројни начини со кои посочуваат на реалистичната но, и на позитивната страна на работењето со цел да ја одржат стабилна работата на својот тим, наместо да предвидуваат катастрофи, да поттикнат создавање на паника и несигурност. Тие комуницираат што всушност реално се случува и ги пренасочуваат очекувањата на вработените со цел да ги насочат и фокусираат на крајниот резултат- наградата од работењето.
4. “Сакам да ти дадам до знаење како твојата работа се поклопува со целите на нашата компанија.”
Истражувањата покажуваат дека вработените не добиваат позитивен фидбек од своите менаџери. Мудрите лидери им дозволуваат на работниците од својот тим како тие ги пресретнуваат барањата за нивното работно место, односно ги известуваат постојано за нивниот перформанс и цели во насока на исполнување на поголемите организациони цели.
5. “Не сум сигурен како да постапам.Што би направил ти во мојата ситуација?”
Мудрите лидери се присутни и ги изразуваат јасно своите чувства како во примерот ‘’Не сум сигурен како да постапам, што би направил ти во мојата ситуација?“ Или пак -“Потребна ми е твојата помош.’’. Овие лидери знаат дека ова не е знак на слабост прикажана од страна на лидерот, всушност овој пристап го прикажува сосема спротивното. Ние како лидери, потребно е да бидеме автентични и да ја зборуваме вистината и да се однесуваме како такви во рамките на организациите чиј дел сме.
Доколку сте во улога на лидер, отворениот пристап и искреноста им овозможува на членовите од вашиот тим да се чувствуваат искрени со вас и отворени едни кон други што во основа ќе придонесе кон подобра поврзаност на сите единки во тимот како краен резултат.
6.”Вратите од мојата канцеларија ти се отворени во секое време.”
Основачот и генерален менаџер на Credit Karma, Kenneth Lin работи во рамките на политика на отворени врати, како клучна политика за отворена компаниска комуникација. “Кога и да сум во својата канцеларија и да сум достапен, јас ги поттикнувам членовите од тимот да ме посетат и да споделат со мене мислење за работата на Credit Karma”, кажува Lin. Оваа стратегија се исплаќа затоа што го упатува во тоа што размислуваат и за што зборуваат вработените во компанијата, што притоа го подобрува и зголемува моралот во рамките на компанијата. Тој им покажува на вработените дека и тој самиот е дел од тимот.
7. “Прашај ме за било што.”
HubSpot,глобалната компанија за дигитален маркетинг, го редефинира терминот транспарентност во бизнисот. Ко-основачот на компанијата, Dharmesh Shah објави напис на неговата wiki страница наречен: “Ask Dharmesh Anything.” И покрај критиките, транспарентноста им се исплати затоа што придонесе за креирање на вредности во работењето на бизнисот. HubSpot освои бројни награди за оваа култура на работа.
8. “Сакам да знаеш колку многу те ценам.”
Дали знаевте дека добивањето на признание и пофалби за работата е најважниот мотиватор за перформансот? Се разбира дека и платата, бонусите и дополнителните награди се секогаш добредојдени, меѓутоа парите се трошат, а признанието е непроценливо.Ова е добро затоа што секој член од компанијата може да биде свесен за вашиот допринес и макотрпна вложена работа. Во истражување на Gallup, компаниите кои прикажале високи нивоа на резултати, бележеле висока вклученост во рамките на своите тимови со помош на користење на пофалби и признанија како моќни мотиватори со цел придобивање на посветеноста и лојалноста на членовите на тимот. Колку зачестена е оваа практика во успешните фирми?
Пофалбите треба да се даваат еднаш неделно.
9. “Потребно е да се подобриш, еве што функционира добро…”
Кога се споменува сензитивна тема како перформансот на член од тимот, не скокнувајте веднаш на користење на напади како одбрана, бидете отворени и имајте позитивен пристап. Дадете до знаење што функционира во пракса, потврдете ги силните страни на членот од тимот, па потоа нагласете во кои полиња треба да работи со цел да се подобри во истите. Како ќе го завршите овој разговор исто така е многу важно. Доколку имате во предвид решение на проблемот разговарајте во насока на тоа дека е добро што сте дошле до таа точка на разговорот, и дека со истиот се ближите поблиску до саканата цел заеднички.
10. “Дали може да се посоветувам со тебе околу овој проблем?”
Alison Wood Brooks е авторка на истражување, кое посочува дека луѓето кои прашуваат повеќе прашања се перципирани како покомпетентни. Таа посочува дека во истражувањето откриено е дека луѓето се двоумат доста кога станува збор за поставување на прашања затоа што сметаат дека другите на нив ќе гледаат како да се некомпетентни. Ова најчесто се случува поради страв. Реалноста е дека лидерите, но и окружувањето гледа на лицата кои поставуваат прашања како покомпетентни од останатите кои не поставуваат прашања. Мудрите лидери ќе се посоветуваат со своите вработени и ќе им постават прашања.
11. “Верувам во твоето мислење.”
Довербата е двонасочна улица. Доколку ја подарите на своите вработени тие ќе сакаат да ви вратат на услугата и ќе ви веруваат и вам. Мудрите лидери знаат како да им дадат можност на вработените за да се здобијат со доверба во нив и обратно. Ова на работното место му дава нова димензија и јасна компетитивна предност која обезбедува кохезивна и одлична работа.
12. “Не би можел да го направам ова без тебе.”
Ова е можеби најдобриот начин да му заблагодарите на некој од вработените, признавањето на нечиј труд и залагање води кон добра тимска култура на однесување во рамките на компанијата. Самиот чин е мотивирачки и доведува до поголема доверба и поттик во организацијата.
13. “Ти си во право.”
Едни од нај паметните лидери се скромни по својата природа. Тие немаат проблем да кажат “Ти си во право”, кога им е потребен мудар совет во насока на постигнување на бизнис целите. Скромноста е лидерска силна страна која не секогаш добро е разбрана и често се перцепира како недостаток на самодоверба или пак преголема мекост во бизнисот. Мудрите лидери се скромни, знаат да побараат помош, сакаат да слушнат совети и сакаат да учат од другите затоа што на тој начин знаат дека ќе се создаде подобро и поразлично решение на проблематиката. “Да, ти си во право.”