Завчера во скопскиот Градски парк се случи несекојдневна музичка забава. Повод за овој настан беше 150-тиот роденден на најпознатото светско пиво – Heineken. Градскиот парк беше претворен во најголемиот клуб под отворено небо, каде свои настапи имаа 150 диџеи, од нашата и интернационалната клупска сцена, кои на 5 сцени креираа незаборавно музичко доживување кое долго време ќе се раскажува.
Heineken како бренд со традиција и богато наследство, уште еднаш ја покажа својата моќ дека може да собере и обедини над 20.000 луѓе на едно место, и да инспирира убави и незаборавни моменти.
„Destination Good Times” беше местото каде Heineken ги спои најдобрите локални диџеи, почнувајќи од пионери и основоположници на електронската музика и клупската сцена, па сѐ до нови и млади имиња од новиот бран изведувачи. На две сцени Скопје Винил Конвенција го привлече вниманието на оние кои сакаат хип хоп ритам, скречување, а љубителите на винили можеа да одберат нова плоча на штандовите на винили. На третата сцена “Пикник во паркче” на Кино Карпош настапија ДЈ-и каде присутните уживаа со техно и хаус музика. Вечерта воодушевија аудио, визуелните ефекти и одличната електронска музика изведени на сцената на Терапија.мк. Посебно изненадување беше т.н. silent disco, каде многумина уживаа индивидуално во миксовите на преку 30 ДЈ-и.
Сите заедно приредија фантастична 13 часовна музичка забава, комбинирана со неверојатни визуелни видео проекции, кои предизвикаа експлозија на емоции кај присутните, и моменти вредни за споделување.
Да се биде овој ден во овој дел од скопскиот Градски парк беше вистинско уживање. Благодарение на Heineken и јубилејот 150 години бевме сведоци на најголемиот DJ line-up досега организиран во нашата земја.
Особено импресивна беше организацијата. Дизајнирани и автентични ДЈ сцени, интересни штандови, уникатно дизајниран простор, врвно видео и ласер доживување и секако одличен избор на ДЈ-и кои го покажаа квалитетот на нашата клупска сцена. Честитки за Пивара Скопје и маркетинг агенцијата Публицис кои се погрижија за севкупната изведба на настанот.
Heineken уште еднаш покажа зошто е толку посакуван и респектабилен бренд, и е неизоставен дел од музичката и клупската сцена во светот. Ќе завршиме со наративот на роденденска Heineken кампања: Не е важно како го пиеш или нарекуваш, важно е да се забавуваш и да си поминуваш убаво.
А ние, навистина уживавме. Среќен 150-ти роденден Heineken!
Повеќе информации за сите активности можете да прочитате на официјалниот профил на „Инстаграм“ на овој линк.