„Приказната што вреди секоја буква“ освои уште две награди, и тоа на натпревари кои ги поставуваат стандардите на глобалната креативна сцена – ADC Awards и The One Show Awards
Хрватскиот бренд на тестенини Marodi и агенцијата Bruketa&Žinić&Grey освоија уште две меѓународни награди за проектот „Приказна што вреди секоја буква“. На годинешното издание на ADC Awards, кампањата беше наградена со бронзена коцка во категоријата „Brand/Communication Design/Promotional/Wildcard“, додека на натпреварот The One Show освои Merit Award во категоријата „Print & Promotional/Product Packaging“. Со тоа, „Приказна што вреди секоја буква“ го потврди својот статус како најнаградувана хрватска кампања во изминатата година.
ADC Awards и The One Show се вбројуваат меѓу најважните меѓународни натпревари во креативната индустрија, а двата ги организира The One Club for Creativity од Њујорк. ADC, со традиција подолга од сто години, ја слави врвната креативна изведба и посветеноста кон дизајнерскиот занает – од типографија и илустрација, до пакување и визуелни идентитети. Од друга страна, The One Show става поголем акцент на идејната моќ и иновативноста во огласувањето, препознавајќи ги најсилните комуникациски концепти во глобалната индустрија. Заедно, овие два натпревари претставуваат стандард за креативна извонредност.
„Приказна што вреди секоја буква“ е кампања создадена во соработка со брендот Marodi и агенцијата Komunikacijski laboratorij, осмислена со цел зачувување на Меѓуморското народно пеење во Хрватска. Имено, беше креирано лимитирано издание на збирка од пет книги со Меѓуморски песни, при што секоја книга доаѓа со специјално пакување на азбучни тестенини за супа од Marodi со точно одреден број букви од кои е составена песната.
Да потсетиме, оваа кампања досега има освоено награди на бројни фестивали, меѓу кои и на: Cannes Lions, Cresta, Epica, Lovie, Indie Awards, European Excellence Awards, Ideja X, BalCannes, Effie Croatia, MIXX, KAKTUS, SoMo Borac и Kyiv International Advertising Festival.