Пишува: Коста Петров , текстот првично е објавен на Huffington Post.
Мобилните платформи, контентот (содржината) и податоците доминираа во маркетинг светот во 2015 год.
Како што наближува крајот на годината, јас, заедно со моите пријатели од маркетинг индустријата, седнавме за да ги продискутираме нивните идеи и предвидувања за следната година. Заклучокот е – 2016-та ќе биде една од најконкурентните и најкомплексни години во маркетинг светот на глобално ниво.
Барис Завароглу, Директор за Маркетинг и продажба во „Haribo“
Мобилните платформи комплетно ќе доминираат во 2016та год. Мобилните платформи го зголемуваат предизвикот „помалку е повеќе“. Маркетарите ќе мора да ги развијат правите и едноставно и лесно разбирливи содржини и реклами за мобилните „конзумeнти“.
Рајан Караку, Директор на „ DoubleClick”, Google
Итноста од потребата на функцијата на „CMTO – Chief Marketing & Technology Officer“ – е новиот вид на маркетари (или поддршка на маркетарите) што се занимава со структурата на податоците и одлуки во делот на технологии (tech). Изводливите податоци, ќе бидат битна подлога за секоја маркетинг стратегија особено кај оскудноста од ресурси помеѓу индустриите и екстремната потреба за подобрена ефикасност и ефективност во маркетингот.
Ричард Харлес, Менаџер за Германија во „Shazam“
За 2016 година,како растечки тренд го гледаме истакнатото мобилно огласување во кампањите од страна на бренд маркетарите. Како што потрошувачите ќе трошат се повеќе време на овој канал, така и маркетарите ќе почнат да го користат истиот. Историски гледано, бренд огласувачите ги насочуваат нивните маркетинг буџети, онаму каде што се нивните потрошувачи. Веќе бевме сведоци на овој вид „префрлање“ од „print“ кон „digital“ кон „social“ и „mobile“ платформи.
Вториот тренд ќе биде концептот на „cross marketing“. Повеќето маркетари ќе започнат да ги врзуваат повеќето од нивните канали заедно за да имаат повеќе допирни точки со еден ист потрошувач.
Кејти Морс, Потпреседател за социјални медиуми во „Nielsen“
Повеќе компании треба да се фокусираат на тоа како пребарувачите (SEO) и социјалните медиуми се „вкрстуваат“. Поточно, компаниите треба да развијат подобри стратегии за интегрирање на најдобрите практики за пребарување во нивните стратегии за настап на социјалните медиуми, а истовремено да ги користат социјалните мрежи за да информираат за можностите за пребарува
Вклученоста во социјалните медиуми веќе се зема во предвид при рангирањето кај главните интернет пребарувачи, а оваа интеграција ќе продолжи да еволуира како што ќе еволуираат и социјалните медиуми.
Карен Картер, Директор во „Kaos Marketing“
Еден збор – едноставност. Се додека тренди зборчиња како „big data“, „social“, „programmatic “
ни се „лепат“ за уво и не збунуваат, постои една вистина која „патува“ во вид на релевантна, навремена и “леплива” маркетинг кампања – со силен креативен концепт, која е презентирана на едноставен начин и која оддекнува во било кој маркетинг медиум.
Едноставно, јас не навестувам дека публиката е игнорантски настроена или неспособна да го ги разбере комплексните идеи – но во еден свет каде што луѓето (и да не заборавиме дека без разлика дали креирате B2B или B2C „push“порака, сите поединци се само човечки суштества) се пренатрупани со информации на секој чекор, наједноставните (и се осмелувам да кажам доследени) идеи често постануваат највлијателни. Ова е лекцијата на која јас се стремам да ги научам сите мои клиенти, а кога ги развиваат нивните маркетинг стратегии во повеќето случаи, истата е најдобра.
Дани Ватмауг, Директор за социјални медиуми на глобално ниво во „ Weber Shandwick “
Новата 2016-та година е годината кога социјалните медиуми ќе се сфатат сериозно. Брендовите ќе започат да поставуваат прашања од стилот кои всушност ресурси за нив придонесуваат во социјалните медиуми. Тие исто така ќе започнат да воочуваат дека социјалните мрежи се погрижиле во текот на изминатите неколку години да се развијат во софистицирани, дигитални маркетинг алатки. Ние ќе почнеме да согледуваме дека активностите на социјалните медиуми ќе направат навистина значајно влијание врз бизнисот.
Кристиан Лорензон, Директор за социјални медиуми во „ O2 (Telefonica)“
Виртуелната реалност ќе се истакне – има неколку уреди за виртуелна реалност кои ќе се лансираат во 2016 год., а првите големи чекори се очекуваат од социјалната мрежа Facebook, во почетокот на 2016та год.
Неодамна, Facebook претстави алатка за креирање на видео истовремено и огласувачки формат притоа овозможувајќи им на брендоите да креираат видео клипови од 360 степени.
Очекувајте многу креативни новитети со оваа технологија.
Мадс Холмен, Основач во „Bibblio“
Компаниите треба помалку да се фокусираат на кампањите а повеќе на креирање на трајни програми и иницијативи за кои вреди да се зборува и кои креираат вредност за општеството. Внимние, ова може да предизвика сериозна конверзација со вашата агенција!
Мухамед Крим, Маркетинг менаџер во MENA „BBC“
Поради се поголемиот „замор“ на потрошувачите и целната публика од константното изложување на адвертајзинг, онлајн и офлајн, се повеќе сме сведоци на подемот и популарноста на „Ad Blockers“ кои потрошувачите ги користат за да ја лимитираат својата изложеност на адвертајзинг како и на bandwidth-от (и времето на вчитување) за време на нивното онлајн сурфање.
Предизвикот и можноста е на брендовите да бидат особено креативни во различните начини на пренесување на нивната порака кон избраната публика.
Робин Хамман, Стратег за дигитални и социјални медиуми
Станува исклучително тешко за брендовите да допрат и да бидат во интеракција со публиката преку социјалните мрежи само со “органички“ активности. Токму поради ова во 2016 година треба да очекуваме да видиме како големите глобални брендови ќе го пренаменуваат нивниот social media буџет (кој ќе биде различен од оној за грижа за корисници) од графата “community management” во нова која ќе се вика “paid social (advertising)“. Дали корисниците ќе го забележат тоа. Веројано не. Вистинскиот ефект ќе биде позади сцената, бидејќи брендовите кои ќе одиграат вака ќе имаат подобар insight и информации за реалните трошоци и секако ефектот од нивното трошење на социјалните медиуми. Овие сознанија за некои брендови секако дека ќе значат и полекување од социјалните мрежи и насочувајќи се кон некој друг канал.
Др. Џонатан А.Ј. Вилсон, Програмски лидер, Маркетинг образование во адвертајзинг, брендирарање, ПР и експерт по маркетинг комуникации
Во еден глобален, конектиран и социјален свет, смартфонот се „издигна“ во платформа која ги прикажува нашите „паметни“ палци, мозоци и јазици. Истовремено, додека имаме зголемена конкуренција, имаме и поголеми можности. Пропратен продукт на сето ова е важноста да се претставите проактивно и совршено – преку константно следење и вклучување (social engagement), како и градење на евидентен, односно доверлив бренд впечаток на социјалните мрежи. Кажете „Здраво“ на персоналниот брендинг и менаџирањето на „личната себепромоција“. Споделувањето содржини, коментирање во моментот на случувањето и пишувањето на артикли постанаа нормален новитет за многу професионалци – истевремно гледано како корпоративна маркетинг алатка и дополнителен „зајакнувач“ на личното CV. Меѓутоа, клучните предизвици за компаниите и вработените лежат во воспоставувањето баланс и контрола. Доколку сега имате вработено и инспирирано маркетинг професионалци, како ја „одледувате“ оваа култура и како нив ги наградувате?
Ова е лесно и не е загрижувачки за компаниите кои и онака ги привлекува и поставува луѓето на прво место.