По тригодишна пауза заради пандемијата со КОВИД 19, од 1 до 4 Јуни ќе се одржи 18-та по ред PRO PR конференција во Terme Olimia, Словенија. Со свое воведно предавање конференцијата ќе ја отвори Претседателот на Здружението за односи со јавноста и комуникации (PRCA) Francis Ingham, а учесниците на конференцијата ќе можат да го следат и предавањето на Robert Wester, поранешен член на комуникацискиот тим на на владата на Кралството Холандија и директор за комуникации на министерството за финансии, а денес директор на консултантската компанија Berenschot. Исто така, свои предавања ќе одржат и Scott Gould, консултант и автор на книгата Oblik angažmana, Maxim Behar, извршен директор и претседател на управата на M3 Communications Group и партнер на Hill+Knowlton Strategies и i Svetlana Stavreva, поранешна претседателка на меѓународното здружение за односи со јавноста (IPRA).
Учесниците ќе имаат вкупно 17 предавања, како и 4 работилници. Првата работилница Комуникациска стратегија – Како да се направи нацрт стратегија во променливи времиња ќе ја одржи Andras Staniszlav, директор на консултантската компанија PersonaR, воедно и претседател на унгарското здружение за односи со јавноста. Втората работилница под наслов Користење на на податоци за целни комуникациски стратегии и пораки ќе ја одржи Chris Pomeroy, директор на Interface Tourism. Тртата работилница Слон во соба ќе одржи Urška Jež, директорка на консултантската компанија Lighthouse, а четвртата работилница Моќта на умот- Интуиција ќе ја одржи Ana Keglović Horvat, директорка и основач на AKH Consulting.
Панелот под име ”Како да се комуницира одговорно”, ќе го модерира и ќе даде увод главната и одговорна уредничка на маркетинг магазинот, Simona Kruhar Grabešček.
За време на конференцијата ќе се доделат и наградите PRO PR Globe Awards на добитниците од 2020.година, вкупно 17, како и наградата Vision city на градот Žalcе, како и Vision manager на Г-ѓата Danicа Zorin Mijošek, основач и доскорешната директорка на Afrodita kozmetikа.
Овогодишната конференција ќе се одржи под мотото ”Rejuvenate yourself, rejuvenate public relation”. Организаторот на конференцијата агенцијата Apriori World очекува да бидат присутни 180 учесници од подрачјето на југоисточна Европа. Како што истакна Претседателот на организациониот одбор Danijel Koletić: ,, беше предизвикувачки и по малку стресно постојано да се одложува конференцијата, но верувавме дека и на короната ќе и дојде крајот.Сакам да се заблагодарам на сите наши учесницина на трпението, кои ќе имаат прилика освен за традиционално поврзување и стекнување на нови знаења, да пронајдат и време за собирање на нова енергија во Termi Олимпиа, согласно со мотото на оваа конференција.
Конференцијата ќе ја пратат 17 претставници од медиумите од регионот. Пријавите се во тек , а повеќе за конференцијата можете да прочитате на службената страница https://pro-pr.com/.