Вештачката интелигенција зема сé поголем замав во нашите животи, помагајќи им на луѓето во извршувањето на секакви задачи, од едноствано готвење до комплексни социјални алгоритми и анализи на податоци.
Меѓутоа, како што ова поле на технологија продолжува да бележи развој, така сé повеќе се зголемуваат предизвиците и прашањата поврзани со вештачката интелигенција. Пред сé, тука се прашањата поврзани со приватноста и сајбер-безбедноста.
Со цел да се адресираат овие прашања и да се обезбеди рамка за понатамошниот развој на вештачката интелигенција, Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите Нации (УНЕСКО) изготви етички правилник кој беше прифатен од 193 држави на последното Генерално собрание одржано во месец ноември.
„Светот навистина има потреба од правила за вештачката интелигенција да биде од корист за човештвото. Препораките за етичноста на вештачката интелигенција е значаен одговор. Ја поставува првата глобална нормативна рамка, давајќи им на државите одговорност да ја применат на сопствено ниво“ – посочува генералниот директор на УНЕСКО, Одри Азуле.
Проектот бил отпочнат во 2018 година, а завршен после три години соработка со стотици експерти од целиот свет. Правилникот се осврнува врз четири главни области: заштитата на податоци, забраната на социјално бодување и масовен надзор, помош во миниторирањето и евалуацијата и заштита на животната средина.
Меѓутоа, со оглед на тоа што Соединетите Американски Држави не се членка на УНЕСКО, големите технолошки компании кои имаат седиште во САД, а се сметаат за главни развивачи на вештачата интелигенција, како Google, Amazon, Meta и Apple, не се обрзани да ги следат овие правила.
Во однос на ваквата ситуација, правилникот на УНЕСКО барем може да го поттикне носењето на слични правилници и од други меѓународни и национални институции и организации.
Правилникот може да се прочита на следниот линк.