20 години речиси и да не поминал ден во едно македонско домаќинство без некој од производите на Сончева Долина – брендот на Макпрогрес Винициа кој летово го прославува своето јубилејно постоење.
Името на брендот е асоцијација за сончевите кочанско – винички полиња, каде благодарение на преку 280 сончеви денови годишно и специфична микро клима, успева квалитетниот наделеку познат Кочански ориз и други земјоделски и раноградинарски производи кои се дел од гамата на Сончева Долина.
Главна дејност на Сончева Долина е преработка на зрнести земјоделски производи како и нивно пакување. Линијата започнува со работа во далечната 1996 година. Денес произведува преку 1.000 тони производи годишно. Производите на Сончева Долина се карактеризираат со врвен квалитет и се 100% природни.
Помеѓу широката палета на висококвалитетни зрнести и прашкасти производи, Сончева Долина доминира на пазарот и со пакуван сушен зеленчук и зачини. Својата употреба овие производи подеднакво ја наоѓаат во домаќинствата и прехрамбената индустрија, како и во подготовката на солени и слатки јадења.
Макпрогрес е компанија која постојано вложува и ја проширува палетата на производи трудејќи се да ги задоволи различните потреби и барања на потрошувачите. Со вметнување на производната линија на производи кои во себе не содржат глутен, а се богати со витамини и минерали, Сончева Долина беше меѓу првите брендови во Македонија кој ги направи своите производи безбедни за малите дечиња и посакувани на секоја трпеза.
Производите кои се произведуваат, пакуваат и продаваат под Сончева Долина се производи што во целост ја имплементираат, поддржуваат, и спроведуваат на дело визијата и мисијата на Макпрогрес.
Производите на Сончева Долина се инспирација за збирка рецепти – “Вкусна инспирација од Сончева Долина“, која компанијата ја издаде за да го збогати менито на македонските трпези. Рецептите во збирката се совршен баланс на традиција, квалитетни суровини и креативни рецепти. Готвачот “Вкусна инспирација од Сончева Долина“ можете да го симнете од следниов линк:http://www.soncevadolina.mk/cookbook
Успехот на компанијата е резултат на постојано унапредување на производството и рецептурите, примена на најсовремена техника и технологија и имплементација на меѓународни стандарди. Макпрогрес ДОО е прва компанија во Република Македонија која основа бренд за пакувани основни намирници во земјава, кои претходно се продаваа само на размер на пазарите.