Како што пишувавме минатата недела, Coca-Cola во вторникот ја претстави големата нова глобалана креативна платформа со слоганот “Taste the Feeling”, која ќе ја замени седум години старата “Open Happiness” тема. Со тоа дојде и еден нов бран на адвертајзинг, вклучувајќи шест 60-секундни спотови постирани на YouTube и еден куп принт-реклами.
Подолу можете да ја видите целата нова креатива. Се издвојува еден спот за кој е искористена преработена верзија на заедничката песна “Under Pressure” на Queen и Дејвид Боуви. Спотот, изработен од Ogilvy & Mather New York, се однесува на напнатоста која ја чувствуваат тинејџерите и Кока-Кола која може да помогне за опуштање.
Во едно соопштение, од Coca-Cola изјавија дека “Taste the Feeling” го враќа фокусот на производот, додека “Open Happiness” беше повеќе за тоа за што се залага брендот. Новата кампања го комбинира функционалното и емоционалното преку раскажување на универзални приказни во чиј центар се наоѓа производот, изјави Генералниот маркетинг директо Маркос де Квинто.
“Низ времето откривме дека колку повеќе ја позиционираме Кока-Кола како икона, толку помали стануваме”, додаде Де Квинто. “Големината на Кока-Кола лежи во фактот дека е едноставно задоволство – значи колку сме поскормни, толку сме поголеми. Сакаме да ги потсетиме луѓето зошто го сакаат производот колку што го сакаат и брендот.”
Четири агенции – Mercado-McCann, Santo, Sra. Rushmore и Oglivy – изработија првична серија од 10 телевизиски реклами, дигитални, принт и други адвертајзинг материјали. Шест други агенции, вклучувајќи ги и долгогодишните партнери Wieden + Kennedy, ќе се вклучат во кампањата како што таа ќе се развива.
Подолу се дел од новите принт реклами. Тие се изработени од модните фотографи Гај Арок и Начо Ричи.