Познатиот бренд на патики Reebok објави нова, симпатична ТВ реклама со наслов „25.915 денови“
Самиот назив се однесува на просечниот број на денови во животот на еден човек. Спотот кој е направен од страна на независната маркетинг агенција Venables Bell & Partners, го следи животот на една жена хронолошки обратно, од нејзините подоцнежни години (од моментот на нејзиното учество на „Spartan Race“ чиј спонзор е Reebok), па до денот кога е родена.