Најубедлив триумф на една агенција досега – од 11 Големи награди Pristop освои десет
Само добрите приказни преживуваат, беше слоганот на овогодинешниот Словенечки Огласувачки Фестивал – SOF. Најважниот настан на словенечката комуникациска струка во својата јубилејна годишница донесе неколку промени кои меѓу посетителите и натпреварувачите беа одлично прифатени, што го докажуваат и преку илјада учесници на фестивалот и 302 пријавени кампањи.
“Позади нас е одличен фестивал кој блесна со целата своја креативност. Промените често се клуч кои водат кон успехот, а тоа се покажа и овај пат. Јубилејниот 25 SOF, претставува пресвртна точка за сите идни фестивали кои следат. Среќна сум што бев дел од неговата приказна. Угостивме неколку извонредни словенечки говорници. Уверена сум дека учесниците и на следните фестивали ќе докажат дека и ние Словенците можеме суверено да се бориме со добри странски практики,“ изјави на крајот на фестивалот Dolores Podbevšek Plemeniti, претседател на SOF.
Дводневниот фестивалски настан го заокружи Златната ноќ, со доделување на признанија и награди.
Огласувачка личност на годината е Špela Levičnik Oblak, директор на Luna\TBWA и регионален директор на TBWA CEE Adriatic, Огласувач на годината во 2015 е Telekom Slovenijа. Најуспешен Бренд на годината е Orto, а Агенција на годината во 2015 е PRISTOP. На натпреварувањето Young Lions во Cannes патуваат Tina Mozetič и Eva Stopar.
Големи награди во поединечни натпреварувачки групи, добиле кампањите:
– во групата A Комуникациски кампањи Ne objavi, što te može gnjaviti, огласувач Telekom Словенија, агенцијата PRISTOP,
– во групата B Дигитални кампањи Glatko bankarstvo, огласувач Nova KBM, на агенцијата PRISTOP,
– во групата C Иновативни решенија Markovec, огласувач Atlantic Група, на агенцијата PRISTOP,
– во групата D Брендирани или креирани содржини Glatko bankarstvo, огласувач Nova KBM, на агенцијата PRISTOP,
– во групата E Непосредно комуницирање Zeleno srce, огласувач Градска управа Љубљана, на агенцијата PRISTOP,
– во групата F Дигитално комуницирање Virtualni letovi Planica 2015, огласувач Триглав осигурување, на агенцијата PRISTOP,
– во групата G Филм Ne objavi, što te može gnjaviti, огласувач Telekom Словенија, на агенцијата PRISTOP,
– во групата H Печатени огласи и плакати серија кампањи на Festival migrantskog filma Ladja, Stena, огласувач Фестивал на мигрантскиот филм, на агенцијата PRISTOP,
– во групата I Радиско огласување Голема награда не е доделена,
– во групата J Дизајн 4kids and us, огласувач Rainer козметика, агенцијата VBG Љубљана,
– во групата K Амбиентално огласување Pozorište u prtljažniku, огласувач Мини театар, агенцијата PRISTOP,
– во групата L Општествено добро Kumstvo, огласувач ZPM Љубљана Мосте–Поле, агенцијата PRISTOP.
Признанието на SOF за најдобра режија на аудиовизуелен оглас доби Luna\TBWA, за најдобра режија на звучен оглас е наградено Radio Student. Признание за најдобра фотографија добила агенцијата Bright Visuals, BV Media, а за најдобра илустрација PRISTOP. Агенцијата YIN + YOUNG добила признание за најдобар текст.