ПР кризата може да се прошири онлајн пред милионска публика за време од само неколку минути.
Начинот на кој една организација реагира е најважен. Проблемот мора да се санира веднаш или пак штетата која ќе настане ќе добие широки размери.
Еве неколку совети со кои можете да избегнете катастрофа:
1.Извинете се јавно
Ова е еден од најголемите кошмари во PR-от. Многу од сопствениците на бизниси се чувствуваат горди, мислат дека јавното осудување не е фер и дека “епизодата на проблеми“ не се појавила поради нивна вина, често поради овие причини истата се префрла на грбот на работникот, продавачот или на трета вклучена страна. Обвинувањето на трети лица/страни може да предизвика полош ефект. Наместо тоа, направете јавно извинување кое публиката може лесно да го прифати. Доколку не изразите како се чувствувате по прашањето или пак доколку не покажете грижа, не ја прифатите вината и одговорноста околу проблемот, нештата може само да ескалираат.
2.Поправете го проблемот
Идентификувајте го изворот за појава на проблеми и не дозволувајте проблемите да се појават во иднина повторно.
Можеби ќе претпоставувате дека отпуштањето на работници може да го реши проблемот но размислете уште еднаш, можеби проблемот има повеќе фактори од кои потекнува.
Постојат повеќе причини од каде можеби потекнува проблемот како безбедноста и чистотата на работното место, проблем со контролните процеси и слично. Овие подлабоки проблеми мораат да се решат со цел да се анулира штетата која може да настане околу репутацијата на вашиот бизнис.
3. Отпочнете со активностите на репутацискиот менаџмент
Дури и доколку проблемот се решил, штетите кои настанале на полето на вашата репутација можеби ќе останат зад вас достапни онлајн со месеци па дури и со години по самиот настан. Негативните приказни, слабите оценки иако со текот на времето станале ирелевантни се уште ќе бидат потенцијална закана за настанување на штетни последици околу потенцијални зделки со нови клиенти.
Репутацискиот менаџмент online има повеќе форми вклучувајќи фидбек на социјалните медиуми, онлајн оценки, негативни новости,коментари, дискусии во форуми и написи во блогови. Различни софтверски програми може да ви помогнат да ги следите и менаџирате сите овие активности симултано и со тоа да си помогнете при одржувањето на беспрекорноста на вашата репутација. Иако не е етички да креирате позитивни оценки за вашиот бизнис на пример, можете да ги контактирате лицата кои објавувале негативни коментари за нивното искуство со вашиот бренд и да се потрудите да ги поправите нештата.