Дали сте уморни од состаноци кои изгледаат само како залудно трошење на вашето време? Искористете ги следните 4 совети и следните состаноци ќе резултираат со помалку зборување и повеќе работа.
Состаноци…
Веќе знаеме дека воздивнувате со тешкотија од самата помисла на нив. Вашите денови изгледаат како бескрајни седенки, разговори и бреинсторминг сесии. И да бидеме искрени, на никому од нас не би му сметале состаноците се доколку со истите би се постигнал некаков видлив резултат.
Но кога станува збор за состаноци, секој од нас паѓа во истата ‘’стапица’’: зборуваме повеќе од час и нафрламе идеи, и на крајот од состанокот не би можеле да се пофалиме скоро со некој дефиниран резултат.
За среќа, нештата не мора да се одвиваат по овој терк.
Постојат 4 клучни нешта кои можете да ги направите за да го заокружите секој состанок и да се осигурате дека состанувањата всушност се продуктивни, а не само залудно трошење на драгоцено време.
1. Обезбедете преглед
Дури и да започнете првично со некоја агенда за самиот состанок, разговорите сепак може да имаат можни пресврти. Иако тоа е веќе нешто очекувано, често резултира со тоа што вие или вашите соговорници ќе лутате надвор од границите на она за што се разговарало на самиот состанок.
пред да се заврши со дискутирање, земете кратки забелешки и направете краток осврт на заклучоците кои сте ги донеле, односно заеднички сте ги донеле со соговорниците. Кога нештата се изговараат на глас, секој од соговорниците ќе има заклучок за она што се случувало зад вратите на состанокот.
2. Назначете одредени активности поврзани со состанокот
Зошто поголемиот дел од состаноците изгледаат непродуктивно?
Па, тоа е најчесто затоа што секој од нив завршува со резултат од долга конверзација без ништо направено околу разговараните теми. Секој е добар кога станува збор за нагласување на потребите и она што треба да се направи, меѓутоа тоа не значи дека штом се реализира состанокот веднаш ќе се засукаат ракавите и ќе се преземе активност околу нештата.
Поради ова, многу е важно да се преземат активности односно да се назначат активности на крајот на секој состанок. На тој начин, не постои сомнеж кој за што е назначен, и всушност можете на овој начин да согледате што може да се направи околу активностите за кои било дискутирано.
3. Пoставувајте прашања
Пред било кој од присутните да ја напушти салата за состаноци, многу е важно да се осигурате дека секој од присутните јасно разбрал за што се говорело на самиот состанок. Дали на некому е потребно дополнително објаснување или пак има одредени прашања кои потребно е да му се одговорат?
Иако е наша цел да водиме грижа околу следењето на состанокот, добро е да потврдиме дека добро сме се разбрале со соговорниците. Доколку ги запрашате дали имаат дополнителни прашања е одличен начин на кој може да го финализирате она за што сте разговарале, но во исто време овој пристап го прави состанокот делотворен и јасен и притоа тој завршува на помалку формален начин.
4. Пратете е-mail
Назначивте одредени активности на крајот на состанокот, но што е со соговорниците кои на состанокот не правеле белешки?
Добро е да ги известите што било дефинирано или пак дополнително за кои точки сте зборувале накратко преку праќање на e-mail.
Испратете кратка порака до секој кој бил вклучен во состанокот, заблагодарете им се за драгоценото време, и дајте им кратко резиме за што е кој одговорен со цел плановите да се движат во посакуваниот правец.
На овој начин ќе ги поттикнете да преземат акција, да ја разјаснат секоја недоумица, притоа имајќи ‘’црно- на- бело’’ напишано пред нив за се она што се зборувало. Ова всушност воедно значи дека никој не би можел да ве игнорира во однос на она за што сте зборувале доколку нешто не се направи.
Искористете ги овие совети и осигурајте се дека следните состаноци всушност ќе служат во некоја цел.