Во деловната практика не е ретка појава каде што сопствениците на бизниси имаат една слика за сопствениот бренд или производ, додека нивните корисници имаат друга, често сосема спротивна слика.
И познатиот цитат на Џеф Безос: “Вашиот бренд е она што луѓето зборуваат за него додека вие не сте во собата,” само зборува за овој феномен.
Анализата на сопствениот бренд не завршува кога ќе го пласираме на пазарот. Дури тогаш ни претстои следење на производите во однос на пазарот, конкурентите и се разбира, крајните корисници. Некои методи на дигитална анализа може да бидат наши големи сојузници во следење на впечатокот кој потрошувачите го имаат за нашите производи, а посебно внимание треба да се обрне на следниве пет елементи:
- Следење коментари на социјалните мрежи
Коментарите што ги оставаат корисниците на социјалните мрежи се од голема важност за нас. Иако коментарите на социјалните мрежи и на сајтовите оставаат впечаток дека корисниците ги пишуваат лекомислено, тие често пишуваат нешто што не би рекле во живо, значи, повеќето од овие коментари се искрени. Дури и бројот на лајкови за одделни коментари може да ни покаже какво е мнозинското расположение спрема нашиот производ. Со оглед на тоа што следењето и анализата на социјалните мрежи не е лесна работа, а тоа бара многу знаење и време, многу компании се одлучуваат за ангажирање на специјализирани агенции кои обезбедуваат мониторинг на социјалните мрежи и онлајн-медиумите.
- Избор на вистинска социјална мрежа
Иако постојат правила и параметри според кои можеме да видиме која целна група е повеќе присутна на одредена социјална мрежа, понекогаш може да се покаже дека општата анализа не важи за секој поединечен производ. Често, како клучен чекор во однос на конкуренцијата може да се покаже долгорочната инвестиција и присуство на социјална мрежа која можеби не е од почеток препозната како идеална за нашиот производ. Ова, покрај предност во однос на конкуренцијата, може да ни донесе и контакт со поширок круг на клиенти.
- Следње на ПР вестите
Во следење на пласирани ПР објави не се работи само за следење на договорите што сме ги направиле со медиумите, туку и мерење на резултатите од тие објави. Ако внимателно се анализираат ПР вестите и се разбира, коментирите за нив, можеме да видиме не само што мислат корисниците за нашиот бренд, туку исто така и дали сме одбрале добар медиум за соработка. Понекогаш се покажува дека е поуспешно објавувањето на ПР вести во помали, специјализирани медиуми, отколку во големи, информативни медиуми. Исто така, со анализа на коментарите на ПР вестите можеме да оцениме и колку на корисниците им се допаднала кампањата на нашите производи и дали сме ја погодиле целната група.
- Мерење на успешноста на постовите
Иако секоја социјална мрежа има своја аналитика, најдобро е ангажирање на професионални агенции за целосна и длабока анализа. Доколку сами вршиме анализа на своите постови, тоа може да донесе големи придобивки, но исто така, ни ја одзема перцепцијата и можноста за пошироко согледување на сликата и контекстот кои ни ги даваат професионалците кои се занимаваат со анализа на дигиталните медиуми – социјалните мрежи и онлајн медиумите. Анализата на постовите ќе ни покаже не само како луѓето реагираат на нив, туку и кој тип на содржина најдобро поминува, како и кој е најдобриот тајминг за негово објавување.
- Следење коментари на форуми
Понекогаш форумите можат да бидат поважни од социјалните мрежи, бидејќи во нивните дискусии се вклучуваат луѓе кои се заинтересирани за определена конкретна тема. Рецензии на производи, осврти и коментари за конкретни кампањи често се тема на форумите.
Кон анализа на сопствениот бренд треба да се пристапи одговорно и прецизно, со ангажирање на професионални агенции кога тоа е потребно. Дигиталната анализа може да ни донесе знаење за тоа како да ги корегираме елементите кои не се во согласност со дефинираните стратегии и бизнис цели и идеи за тоа како да се развие брендот и да се искористи целиот негов потенцијал.